Никола Димитров ја доби наградата за Придонес кон европската интеграција на регионот

Вторник, 10 Септември 2019

По повод петгодишнината од основањето на порталот „Европски Западен Балкан“- (europeanwesternbalkans.com), редакцијата ја доделува наградата за Придонес кон европската интеграција на регионот на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров.

Како што стои во образложениеето, наградата се доделува „за демонстрирање вонредни напори за приближување на неговата земја и регионот кон ЕУ, промовирање на духот на соработка и мир во регионалните работи, со посебен акцент на нормализирање на односите меѓу Грција и Северна Македонија, како и примерна поддршка за демократските реформи и надминување на товарот од минатото на Западен Балкан “.

Во оваа прилика, министерот за надворешни работи Никола Димитров, изрази благодарност за наградата и истакна дека без „Европски Западен Балкан“, медиумската сцена нема да биде целосна.

- „Бидејќи Европа не е комплетна без Западен Балкан, така и медиумската сцена во регионот не би била комплетна без „Европски Западен Балкан“ – секогаш присутен, навремен и фокусиран на работите што се важни – заедничка иднина на ЕУ. Честитки за завршувањето на 5 успешни години EWB! Да го зајакнеме заедно трансформативниот процес и да го прославиме завршувањето на европската приказна за Балканот, колку побрзо, толку подобро!“, изјави македонскиот министер Никола Димитров.

Наградата ќе му биде врачена на министерот Димитров по неговото враќање од официјалните посети на главните градови на земјите членки на ЕУ, објавуваат во денешното издание на EWB.


Last modified on Вторник, 10 Септември 2019 - 10:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Нова група јасли во Детската градинка во Миравци

Во полн ек се подготовките за реновирање, адаптација и опремување на просторот

Повеќе

Честит 11 октомври!

Денот на народното востание на македонскиот народ 11 октомври денеска се

Повеќе

Одбележувања на Детската недела во Гевгелија

Со свечен прием на 170 првачињата од основните училишта во Општината во

Повеќе

Владата одлучи: За 10 проценти поголеми плати во образованието од април

Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на

Повеќе

Поцков: Гевгелија е веќе на прав пат

Со проектите што ги спроведува општина Гевгелија на терен како во областа на

Повеќе

Граѓанска трибина „На прав пат“ во Гевгелија

Новата кампања на СДСМ со слоганот „На прав пат“ вечерва беше промовирана и во

Повеќе

Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски

Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на

Повеќе

Државниот секретар на САД Мајкл Помпео во посета на Македонија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пред два часа пристигна во Охрид,

Повеќе

Собранието изгласа покачување на платите на јавната администрација

Со 82 гласа „за", без воздржани и против, Собранието на денешната 115-та

Повеќе

Се уредува нов детски парк во Миравци


Деновиве, во тек е уредување на нов детски парк за најмладите жители на

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.