Почна внатрешно уредување на реновираните блокови В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Вторник, 17 Септември 2019

Пред почетокот на студентската година, од Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука известуваат дека почна внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“.

- „Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини-кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните холови во двата блока во студентскиот дом „Гоце Делчев“ - соопшти Државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје.

Проектот, како што се наведува, е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски.

Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за чување облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол.

Државниот студентски центар неодамна ја промовира веб-страницата dsdskopje.mk.

Се охрабруваат сите студенти што имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „Мој дом“.

Извор: Факултети.мк


Last modified on Вторник, 17 Септември 2019 - 11:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.