Топ Новости

Бенефициите на поранешните претседатели на тапет кај ДКСК

Вторник, 17 Септември 2019

Антикорупциска денеска побара „Да се раскине договорот за канцеларите на Иванов во „Џевахир сити“, а и да се намали законскиот цензус за бенефициите кои ги уживаат двајцата поранешни претседатели на државата и семејствотот на еден починат поранешен претседател.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Биљана Ивановска денеска на отворена јавна седница на комисијата посочи дека ќе побараат од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во комплексот „Џевахир сити“ и да му додели канцеларии во државна сопственост.

Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека „сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице“. Месечно, според Ивановска, за сите трошоци се плаќаат околу 4.500 евра, без платите на вработените.

Ивановска рече дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Во Црна Гора поранешните претседатели користат бенефиции до 5 години по завршувањето на мандатот, исто и во Хрватска. Во Србија е до 6 месеци, или помалку до повторно вработување, а во Словенија е до една година. Само кај нас во Македонија, иако сиромашна држава, законот им дозволува доживотен третман на издржување, што е премногу, за нивните неактивности во годините после мандатот. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.

- „Ние не сме виделе какви резултати имаат поранешните претседатели и затоа ваквите трошоци ги сметаме за непродуктивни“, рече Ивановска. Таа додаде и дека со пензијата која ја добиваат поранешните претседатели до крајот на својот живот и за кои не важат условите за пензионирање се нарушува начелото на еднаквост.

Според пресметките на Антикорупциска, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени 1.090.580 евра.

 

Last modified on Вторник, 17 Септември 2019 - 19:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

Кристијан Јованов е среќниот фаќач на крстот во Миравци

Денеска претпладне на браната Калица кај Миравци се одржа чинот на осветување

Повеќе

Академик Георги Старделов ја доби Светската награда за хуманизам

На академик Георги Старделов, првиот од Македонија, вчера во Охрид му беше

Повеќе

Над 30 лица ќе запливаат на Водици во Гевгелија

Традиционалната манифестација на осветување на водите и пуштање на светиот крст

Повеќе

Власта го забрани со закон присилното извршување кај социјално загрозените

УСВОЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ кои целосно ги изземаат од извршување

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.