Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Германскиот Бундестаг: Безусловен почеток на преговори со С. Македонија

Четврток, 26 Септември 2019

Вечерва на седницата на Германскиот Бундестаг ќе се расправа за Предлог-одлуките за Северна Македонија и за Албанија за почеток на преговорите за Европската Унија.
Текстот на одлуката што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија, за старт на преговори, се бара завршување на серија задачи.

Во предлог-одлуката за С. Македонија пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „ЗА“ отворање пристапни преговори со земјава. Притоа нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.

Сосема различен е вордингот во предлог-документот за Албанија, со условено „да“. Тоа значи дека за Албанија, првата меѓувладина конференција ќе може да се одржи дури тогаш кога владата во Тирана ќе го обезбеди функционирањето на Уставниот суд и ќе направи реформа на изборното законодавство.

Предлог-текстот на Одлуките за почеток на пристапни преговори со ЕУ за нашата земја и Албанија ќе бидат финални дури откако Бундестагот ќе ги усвои на пленарната седница, која е во тек. Точката за Северна Македонија и за Албанија е предвидена во 19:30 часот.

Конечната одлука е во рацете на лидерите на ЕУ и се очекува таа да биде донесена на самитот закажан за средината на октомври годинава.

И германското стопанство е заинтересирано за приближување: „Една веродостојна перспектива за влез на западнобалканските држави од аспект на економијата е од големо значење за стабилизацијата и економското зајакнување на регионот и Европа“, вели економскиот експерт Фолкер Трајер.

„Таквото зајакнување на рамковните услови ќе им донесе сигурност на германските инвеститори и ќе го направи регионот поатрактивен за трговија и инвестиции“, вели Трајер.


Last modified on Четврток, 26 Септември 2019 - 15:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.