Облечете се потопло денеска и понесете чадор - студот од Европа ќе донесе ниски температури и дожд
Многу студена впздушна маса која е со потекло од Арктикот, уште во текот на вчерашниот ден во Европа ги донесе првите есенски студови, а во Москва снег. Кај нас истата ќе услови температури пониски од нормалните дури за околу 15 степени.
Во Гевгелија се очекува утринската температура од 12 до 14 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 18-от степен. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Умерено облачно и со дожд со температура до 18-oт степен се очекува и утре, а прогнозерите најавуваат дека разведрување треба да настапи од средата кога температурата ќе се покачи до 23-от степен над нулата.
Атмосферскиот притисок останува висок, над нормалата со 1.013 hPa поради што се препорачува хроничните болни навреме да се придржуваат на својата редовна терапија, а метеопатите да не се изложуваат на надворешните временски промени.
Денот започнува со изгрејсонцето во 6:32 часот, а завршува со зајдисонцето во 18:02 часот. Денот трае 690 минути, или 11 часа и 30 минути. Значи веќе се намали за пловина час од настапот на есента на 23 септември, од пред две недели кога беше есенската рамноденица.
Во прилог сателитска снимка на движењето на студениот бран кон Европа.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична
Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во
Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“
Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството
УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица
Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на
Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и
Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од
Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои
Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека
Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија
Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна
„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани
Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари
Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и
Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија
Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за
ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци
За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,