Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

МВР: Сузбиена организирана криминална група во криумчарење мигранти

Вторник, 15 Октомври 2019

Жители на Богородица, Ново Конско, Јосифово, Богданци, Селемлија, Марвинци заедно со жители на Арачиново се 14-те мина од организираната група за криумчарење мигранти од Грција, преку нашата земја до дестинации во Европа.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 14 лица и тоа едно лице кое е со привремен престој на територија на Р.Грција, М.С.(45) од с.Богородица, Гевгелија, И.Ѓ.(20) од с.Ново Конско, Ќ.А.(28) од Арачиново, Н.М.(35) од Арачиново, Б.Г.(24) од с.Марвинци, И.Ѓ.(49) од с.Ново Конско, Б.Р.(28) од Арачиново, Љ.А.(26) од Арачиново, Х.А. (27) од с.Арачиново, .П.(27) од с.Богородица, С.К.(23) од с.Селемли, Ф.А.(32) од с.Јосифово и Д. М.(22) од Богданци, заради постоење на основано сомнение сториле кривични дела: „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1 и 2, „Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 2 и став 4 од КЗ на РСМакедонија и „помагање“ во врска со истото кривично дело.

На 15.10.2019 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ и СВР Струмица, под раководствона Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија нa Р.СМакедонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до кумановско-липковскиот регион за натамошен транспорт кон север, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски..

„Криминалистичката истрага над организираната 14-члена криминална група, со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, се спроведуваше во изминатите осум месеци, односно од март до октомври 2019 година. Оваа криминална група во период од март 2019 година до сега, организирале криумчарење на 400 мигранти, по потекло од Aвганистан,Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток, кои претходно престојувале на територијата на Р.Грција, а меѓу кои имало и деца, стекнувајќи се притоа со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра“, рече Ангеловски.

Откако мигрантите на територијата на Р.С.Македонија биле пренесувани илегално од територија на Р.Грција, преку т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации. Од овие локации членовите на групата, ги прифаќале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале до локации во близина на с.Марвинци, с.Фурка, Богданци, Удово и Демир Капија. Оттаму се вршело прифаќање и превезување на мигрантите дооднапред договорени локации на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, од каде биле прифаќани од други лица-нивни криминални соработници и носени во кумановските села Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработници и помагачи на криминалната група, а потоа криумчарени преку северната граница, кон државите на ЕУ.

Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник, со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи

„При реализацијата на оваа криминалистичка истрага претреси беа извршени во вкупно 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово, а лишени од слобода беа вкупно девет лица. Едно лице веќе е во затворот „Скопје“, едно лице во КПУ „Идризово“, а едно лице е во затвор во Србија“, соопшти Ангеловски.


Last modified on Вторник, 15 Октомври 2019 - 18:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.