Топ Новости

Заев од граѓанска трибина: Струмица вечерва ечи, полната сала ја охрабрува цела држава да продолжи по прав пат!

Понеделник, 04 Ноември 2019

- „Бев во целиот свет, но само дома си е дома, најубаво е во Стрмуца“, со овие зборови претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го започна своето обраќање во преполната сала во Струмица, на граѓанската трибина „На прав пат” што се одржа синоќа во спортската сала.
- „Секогаш од овде ја црпам енергијата, од мојот град, од моите сограѓани. Вие сите ми ја давате позитивната енергија. Памети Струмица како сакаа духот да ни го уништат за време на режимот, но секогаш наоѓавме начин да изнедриме нова сила. Оваа полна сала вечерва испраќа силна порака, Стрмица била, Струмица е и Струмица ќе продолжи по прав пат. Ја охрабруваме целата дежава да продолжи по прав пат“, рече претседателот Заев во обраќањето.

Лидерот на СДСМ пред граѓаните се осврна на дел одоствареното и реализираното во одделни области:
- „Додека ги решивме децениските проблеми, паралелно работевме и дома, докажавме дека имало пари во државата. Го спроведуваме концептот парите кај граѓаните, затоа што граѓанинот за нас е центар на внимание а не споменикот, врбата“, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струмица.

Ја зголемивме минималната плата од 9.000 денари на 14.500 за само две години. Тоа кај секој работник кој добива минимална плата носи по 66.000 денари годишно. Тоа е ваѓно затоа што ја отвора спиралата на раст на сите плати. Определивме 2,4 милијарди денари за да ги поддржиме покачувањата на платите, преку плаќање на придонесите за секој што ќе ја покачи платата. Конечна цел е сите плати во државата да растат, истакна Заев.

На двапати ги покачивме платите во образованието. Ги покачивме платите во здравството, армијата, полицијата, во детските градники. Во периодот пред нас има ново покачување, затоа што има пари да вложиме во граѓаните. Уште едно покачување следува на вработените во културата. Во армијата по 7.000 денари ќе добиваат сите вработени за решавање на станбеното прашање. На прав пат сме, во 2020 да постигнеме 30.000 денари просечна плата онака како што ветивме.“


На вечерашната трибина „На прав пат“ во Струмица, претседателот Заев упати порака до Христијан Мицкоски, по неговата изјава дека немал проблем Албанец да биде прв човек на Собранието.

- „Па зошто молчеше на 27 ми април Мицкоски? Зошто не им го кажа на оние што влегоа да убиваат во Собранието, на оние што беа спреми да ги окрвават своите раце, коишто денеска се по затвори? Зошто не им кажа тогаш да не го прават тоа? Лицемерно е сега пред избори, касно се сети Мицкоски. Требаше на 27 ми април да им кажеш да не влгуваат во Собранието“, рече претседателот Заев.

- „Ние одиме напред, каде што чекори демократскиот, развиениот свет. Не ги делиме граѓаните, за нас сите се еднакво важни. Секако ќе беше полесно ако од другата страна имавме поразумни луѓе, во опозицијата. Верувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ има разумни луѓе, верувам дека ќе соберат храброст за промени. Затоа што се работи за целиот наш народ и нашата земја“, додаде Заев во обраќањето пред струмичани во преполната сала во Струмица.


Last modified on Понеделник, 04 Ноември 2019 - 12:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.