Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не застаруваат лесно, да го следиме примерот на Хрватска.
Ова уште вчера по редицата реакции дека премиерот бегалец Груевски се спасил од гонење по предметот „Траекторија“ го изнесе Судијката Оља Ристова, а денес го потврди и академик Владо Камбовски и граѓанското здружение „Правда за сите“.
Судијката Оља Ристова смета дека треба да се размислува за измени во Кривичниот Законик, со кои кривичните дела сторени од функционери ќе биде речиси невозможно да застарат. Таа го посочува хрватскиот модел.
- „Некаде во 2012 година присуствуав на предавање кое го држеше г-дин Марин Мрчела, судија во Врховниот суд на Хрватска, денес претседател на ГРЕКО. Во своето предавање истакна дека во тогашните измени во Кривичниот законик на Хрватска е внесено дека, доколку функционер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста се прекинува, односно истата почнува да тече од моментот на престанокот на функцијата.
На ваков начин, речиси не постои можност делото да застари. На пример, доколку министер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста почнува да тече од моментот на престанок на мандатот. Доколку судија или обвинител сторат кривично дело за време на вршење на својата функција, во тој случај застареноста почнува да тече по констатирање дека ги исполниле условите за старосна пензија.
Исто така, Кривичниот законик на хрватска предвидува и построго казнување за функционери, во однос на други сторители за исти кривични дела, поѓајќи од фактот дека функционерите треба да имаат повеќе развиена свест од останатите и да служат за пример пред другите граѓани.
Време е да се размисли за ваков вид на измени и во нашиот Кривичен законик, вели судијката Ристова, а стручната јавност, граѓанските здруженија и граѓаните на социјалните мрежи се изјасни за одговорност, осудувајќи го бегањето од одговорност на функционерите по пат на застарување.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“
Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на
Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци
Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од
Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична
Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во
Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“
Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството
УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица
Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на
Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и
Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од
Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои
Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека
Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија
Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна
„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во
Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани
Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари
Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и