Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

Сабота, 16 Ноември 2019

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги признава како ослободување од гонење на осомниениот за извршенио кривично дело, како случајот со екс премиерот Груевски, денеска на трибина во Велес премиерот Заев го насочи наративот на своите јавни настапи по прашањата за судството и казнивоста на кривичните дела: 
- „Потребен е целосен ветинг во судството“, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната граѓанска трибина „На прав пат“ во Велес.

- „Создадовме амбиент соодветен, донесовме закони, секој обвинител и судија да работи независно. Еве денеска имаме специјални обивнители во затвори, затоа што законот важи еднакво за сите, што беше мисловна именка пред 2 години. Но, слободата, не дозволува да застаруваат предметите ниту да нема одговорност“.

- „Баравме целосен реизбор во судството, не дозволи Европа затоа што секој треба поединечно да одговара а сме немале ресурс од каде да надоместиме тој дел од праводуството. Еве овде од Велес кажувам тоа што веќе беше јавно објавено: целосен ветинг во прасудството ќе има, и во судството и во обвинителството“, рече Заев.

Тој додаде дека горчината кај граѓаните е голема и тие со право реагираат и порача дека никој нема да се спаси од одговорност.

- „Целата вистина ќе ја дознаеме и на крај сите ќе си одговараат. Никола Груевски е главата на криминалните дела, тоа треба да го докаже судот. Ако народот прави притисок на министрите, на сите, треба и судството да работи. Мора да си ја средиме државата“, рече Заев.

 

Last modified on Сабота, 16 Ноември 2019 - 20:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.