Топ Новости

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Вторник, 19 Ноември 2019

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од Македонија, ќе му се придружи на УНИЦЕФ на глобалниот самит во Обедитетите Нации во Њујорк. Тој денеска пристигна во Њујорк, каде утре 20 ноември, по повод Светски ден на детето, Јане заедно со други сеца од светот, ќе побараат да се преземе акција за да се заштитат и промовираат правата на децата.

Самитот на УНИЦЕФ е дел од прославата за одбележување на Светскиот ден на детето, кој се совпаѓа со 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, најшироко ратификуваната спогодба за човекови права во историјата.

„Навистина сум многу возбуден затоа што ова е огромен настан. Но, истовремено сум многу среќен затоа што ќе можам да му кажам на целиот свет дека сите се еднакви и дека луѓето со попреченост може да ги прават истите работи како и сите други. И дури и да не може да ги прават сите работи, тоа не значи дека не треба да уживаат во животот“, рече Јане Велковски.

Јане ќе учествува во интерактивниот дел во кој ќе бидат претставени деца застапници, ќе има креативни елементи, музички настапи и учество на амбасадори на добра волја. Тој ќе зборува заедно со други четири деца за време на панел-дискусијата со наслов „Да не изостане ниедно дете: за секое дете, сите права“.

„Јане е инспирација за сите нас и пример што може да постигнат децата ако им се даде фер шанса. Многу се гордееме што токму тој ќе ја сподели својата порака со светските лидери. Тој ни покажува дека како и секое дете, и децата со попреченост со себе носат потенцијал за среќен, исполнет живот, витално учество во заедницата и давање свој придонес за да изградиме инклузивни и одржливи општества за сите“, рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.

Last modified on Вторник, 19 Ноември 2019 - 17:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.