Топ Новости

Санкции за возачи под дејство на алкохол во Гевгелија, Скопје, Куманово, Радовиш

Понеделник, 25 Ноември 2019

Акциските контроли на МВР и СВР во поедини полициски станици низ државата, викендов резултираа со „завидна“ бројка на алкохолизирани возачи кои од полициските службеници најпрво како мерка биле исклучени од сообраќајот, а подоцна е најавен соодветен поднесок за секој возач кој управувал моторно возило под дејство на алкохол.

Така, во Скопје во деновите 22, 23 и 24 ноември биле исклучени од сообраќај 132 возачи запрени на улиците низ Скопје со евидентиран ваков прекршок. Вкупниот број на исклучени возачи од сообраќај е 213 по повеќе основи на прекршок, што значи дека прекршокот „Возење под дејство на алкохол“ доминира со 62 од сто од сите санкции кои ги изрекле сообраќајни полициски службеници од СВР Скопје.

Во Гевгелија, по извршена акциска контрола на ден 23 и 24 ноември во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот (шест часовна контрола ноќта саботата спрема неделата) бројката на возачи кои биле регистрирани од сообраќајната полиција со истиот прекршок „возење под дејство на алкохол“ изнесувала осум (8) лица.
Во истиот период акциска контрола била спроведена и во Радовиш, каде кај седум возачи било утврдено присуство на алкохол.

Во СВР Куманово пак, за време на спроведената седумдневната акциска контрола низ улиците на Куманово (од 18 до 25.11.2019 година) сообраќајната полиција регистрирала осум возачи кои управувале под дејство на алкохол.

Заклучок - Во Гевгелија за една ноќ има регистрирано толку „пијани возачи“ колку што во Куманово има за една недела. Ова ли е сообраќајната цена да бидеш град прогласен за „Македонски Лас Вегас“?


Last modified on Понеделник, 25 Ноември 2019 - 14:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Наградната игра Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, во оптек награди од

Скенирајте ги сите сметки, Мој ДДВ#Моја награда стартува од денеска, 15

Повеќе

Законска исплата на К-15 за работниците во приватниот сектор до 31 декември

До крајот на 2019 година сите оние што работат во приватни фирми, мора да

Повеќе

Нови 9 бомби објавени на Ју Тјуб: „Орце шокираш“

Сведокот во случајот „Рекет“ Орце Камчев, шокира на Ју Тјуб.

Од 10-тина

Повеќе

Поволна бизнис клима преку регионална ЕУ соработка

Локалните самоуправи во Македонија се подготвуваат за развој на своите

Повеќе

Притвор за гевгеличанец насилник - со чаша повредил две жени

Oсновното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за

Повеќе

Просечна пензија од 15.500 денари во 2020 година

Трократно покачување на пензиите во текот на 2020 година најави министерката за

Повеќе

Утре ќе има 4 часовен прекин во електроснабдувањето

Од ЕВН-Македонија известуваат дека утре 11 декември планирани се исклучувања на

Повеќе

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.