Топ Новости

Главчев сведочеше за Рекет: Со Јанева сум скаран, а Боки е интересна фигурица

Среда, 25 Декември 2019

Бизнисменот Томе Главчев, сопственик на компанијата „Ноел“, на стартот на судењето за случајот „Рекет“, одговарајќи на прашањето дали е сроден или скаран со некој од обвинетите рече: „Да, скаран сум со Катица Јанева“, по што присутната јавност се изнасмеа. Тој раскажа дека е осомничен во истрагата „Поштенска банка“ на СЈО.

- „Тоа што се случуваше во СЈО беше голема траума, изживување, и не би зборувал за деталите. Прв пат кога ме повикаа ми кажаа дека сум сведок, а на 19 јуни 2018 година ми кажаа дека ќе бидам осомничен, па пак ме повикаа да дадам исказ. Адвокатот ме советуваше да не давам друга изјава, бидејќи станува збор за неовластен тужител“ – рече сведокот.

Тој, со долги паузи и длабоки воздишки продолжи да сведочи, а доби и вода од судот.

- „На 13 октомври влегоа во мојот дом, вооружени со шмајзери, за да ми вршат претрес“ – рече бизнисменот.

Тој неколку пати повтори дека за него тоа било многу стресна ситуација.

- „Потоа вие ме повикавте“ – и' рече сведокот на обвинителката Вилма Русковска.

Таа го праша сведокот зошто кажал дека бил скаран со Јанева, но прашањето не беше дозволено по приговор на адвокатите на Јанева. Главчев кажа дека се рекламирал во 1 ТВ, и ќе раскаже зошто се рекламирал, кога веќе не му било дозволено да каже зошто бил скаран со обвинителката Јанева.

- „Конфекцијата моја е позната по производство на машка кошула, па затоа сакавме исфорсирано да се рекламираме и за женската кошула. Имав контакт со неколку телевизии, а се слушнав и со Бојан Јовановски. Пресметките ми беа да потрошам до 50.000 евра на годишно ниво. Разговорите на почетокот беа успешни, а по моето приведување првичната цена рипна. Требаше да платам 100.000 евра. Договорот е потпишан на 20 октомври 2018 година. Го прифатив, условите беа прифатливи и бевме задоволни“ – рече Главчев.

Тој во своето сведочење не обвини за рекет, туку се жалеше на односот кој го добивал во СЈО. Главчев додаде дека Боки се интересирал за неговата конфекција, па и по негов вкус му биле изработени неколку темни кошули.

- „Тој е една интересантна фигурица“ – рече сведокот. Тој призна дека самиот го прашал Јовановски дали знае нешто за неговиот случај во СЈО.

– „Бидејќи видов негови слики со Јанева го прашав дали знае нешто за мојот случај и тој рече дека таму сум колетерална штета, но не побара ништо“ – рече Главчев.

Извор: Фокус


Last modified on Среда, 25 Декември 2019 - 13:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.