Топ Новости
Навалица на рибари во Дојран - Вторник, 18 Февруари 2020 11:27

Богданчанец измамил такси компании од Кавадарци и заработил пријави во Полиција

Четврток, 16 Јануари 2020

Богданчанецот Г.К. бил пријавен во ОВР Кавадарци во два наврати за измама на такси компании, барајќи да му извршат такси услуги, да му позајмат пари за поклони на деловни гости, а ништо од услугите и поклоните да не плати.
Поради тоа заработил две пријави од ОВР Кавадарци, едната со вчерашна дата 15.01.2020, а другата од понеделникот 13.01.2020.

Г.К. се претставувал како сопственик на деловен субјект (фирма) од Богданци. Тој во неделата на 12 јануари на правно лице од Кавадарци кое врши превоз на патници, му се јавил телефонски, разговарал со сопственикот и се претставил како претставник од фирма од Богданци, со цел да закаже одржување семинар за повеќе странски инвеститори кои би престојувале неколку дена во хотелскиот објект.
Според пријавеното, подоцна Г.К. нарачал возило од такси компанијата од Кавадарци и побарал услуга од сопственикот да му даде 20.000 денари, за таксистот да ги однесе во Куманово, од каде требало да се набават подароци за гостите, а потоа тој да му ги врати парите. Парите, според пријавата, биле дадени на таксистот, кој ги предал на едно лице во Куманово, но Г.К. веќе не бил достапен на телефонскиот број. Се работи на расчистување на случајот.

Вториот случај каде актер на прекршокот е повторно Г.К. се случил на ден Божиќ, 06.01.2020 околу 09:50 часот. Г.К. претставувајќи се сега како менаџер на деловен субјект од Богданци, од сопственикот и управител на Такси компанија од Кавадарци (41 годишниот О.К.), побарал превоз со минибус на неколку лица од аеродромот Скопје до Гевгелија, а крајната дестинација да биде Охрид, за која што требало да плати 18.000 денари.
Според пријавеното, по кратко време Г.К. повторно му се јавил и го замолил да испрати 15.600 денари во Куманово, преку такси возач од Велес, за да бидат купени подароци за гостите.
Сопственикот на компанијата ја завршил и оваа попатна услуга за клиентот, тој го контактирал таксистот кој го известил дека парите ги дал на лице во Куманово.
Подоцна нарачателот Г.К. станал повторно недостапен без да ги исплати трошоците за превоз и позајмицата за поклоните за гостите.
Сопственикот на такси компанијата од Кавадарци О.К. го пријавил случајот на измама во Полициската станица во Кавадарци, заведена на 13 јануари во 13:50 часот.
Органите на ОВР Кавадарци работат на расчистување на случајот, по што ќе биде превземена соодветна пријава до сторителот, или сторителите (каква улога има примачот на парите во Куманово со нарачателот на такси услугата?).

Наравоучение: добрите нарачатели не се секогаш и добри плаќачи - има и измамници.


Last modified on Четврток, 16 Јануари 2020 - 20:58

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Се крчкаат кандидационите партиски листи за Парламентарните избори 2020

Заклучно до 12 март, на 30 дена од одржуавњето на закажаните вонредни

Повеќе

Задушница - гевгеличани во сеќавање на упокоените ги посетија вечните

Гевгелиските гробишта денеска беа преполни од посетители и роднини кои палеа

Повеќе

Оставка на директорот на Средното училиште во Гевгелија

Директор на СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Цветан Неловски денеска

Повеќе

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите

Повеќе

Забрана за сообраќај на патот Струмица - Валандово

Поради сообраќајна несреќа која се задеси околу 10 часот утринава, патниот

Повеќе

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна

Повеќе

Навалица на рибари во Дојран

Чамци, рибари, трски за риболов, тоа е континуирана слика сезонава на брегот и

Повеќе

Лишени од слобода тројца посетители на „Бел рај“ кај Миравци

Тројца средновечни граѓани на возраст од 38 до 40 години синоќа на 15 минути

Повеќе

Собранието се распушти

Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот

Повеќе

Изгласан законот за Јавно обвинителство

Со 80 гласови „ЗА“ од 116 присутни од кои само шестмина беа „против“ денеска во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.