Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Закон за откуп на работен стаж - мирно до пензија!

Среда, 12 Февруари 2020

Сите оние кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Законот кој го овозможува откупот на стаж, откако беше донесен во Собранието, вчера е објавен во Службен весник. Од Фондот за пензиско и инвалидско исугѕрување информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност,

Законот стапува на сила на 18 февруари годинава, а ќе почне да се применува по еден месец, односно од 18 март, бидејќи во рок од 30 дена Министерството за труд и социјална политика, треба да ја дефинира формата и содржината на барањето.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20 отсто од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување соопшти дека со законот се уредува начинот на утврдување на стажот на осигуреникот кој бил во редовен работен однос и бил пријавен во задолжително социјално осигурување, а обврзникот за пресметка и плаќање на придонес не го платил придонесот за пензиско и инвалидско осигурување.

„Во овие случаи, со Законот се дава можност осигуреникот да може самиот за себе да изврши плаќање на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување. Плаќањето на придонесот ќе се однесува за оној период за кој осигуреникот поднесува барање за плаќање на придонес, под услов да бил пријавен во задолжително социјално осигурување“, се вели во соопштението од Фондот.
Придонесот можат да го платат и членовите на семејството заради остварување право на семејна пензија. Правото на плаќање на придонес се остварува по поднесено барање на осигуреникот или членовите на семејството, а кое се поднесува до надлежната Филијала, односно Деловница на Фондот. По поднесеното барање, Фондот ќе донесе решение за плаќање на придонесот, откако ќе утврди дека се исполнети условите предвидени во Законот.

Претходното законско решение за докуп на стаж кое беше донесено во 2015 година, но имаше ограничено важење од една година, за разлика од ова законско решение кое нема ограничување во важењето.


Last modified on Среда, 12 Февруари 2020 - 22:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење

Повеќе

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во

Повеќе

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.