Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Свети Трифун - заштитник на градинарите и на лозарите

Петок, 14 Февруари 2020

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и Свети Трифун, празник главно познат по обредното закројување на лозјата. Едни го сметаат за последен од зимските, а други за прв од пролетните празници.

Светиот маченик Трифун е роден во Капсада, Фригија, близу до градот Апамеја. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со своите исцелителни моќи.
Лечел луѓе од различни болести и од нив ги бркал лошите демони. За неговите чуда се расчило надалеку, па бил повикан во Рим, кај царот Гордијан, да ја излекува неговата ќерка, која страдала од душевна болест. Св.Трифун ја излечил и се стекнал со уште поголема слава.

Со маченичка смрт умрел за време на царот Децие, на своја 21 годишна возраст. Бил повикан од обласниот римски намесник, да се откаже од Исуса Христа. Тој одбил, поради што бил многу измачуван и бил осуден да му биде отсечена главата со меч. Тој се молел на Бога да му ја земе душата и пред да се случи тоа, на местото на егзекуцијата, се упокоил на 14-ти февруари 248 година.

Се смета за заштитник на лозјата и градините, па во негова чест, на 14-ти февруари се започува со кроење на лозјата.

За богат род и заштита на лозјата денеска беа закроени лозјата на плантажите во гевгелиско. Централната манифестација се одржа во дворот на црквата „Св. Петка“ во Прдејци.
Во Гевгелија има повеќе регистрирани лозари кои денеска го одбележуваат чинот на закројување на лозјата со индивидуална организација, со пригодна закуска и вино за да биде родот плоден, а бериќетот вносен.

 

Last modified on Петок, 14 Февруари 2020 - 12:44

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење

Повеќе

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во

Повеќе

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.