Со 108 гласови „ЗА“ и ниту еден против или воздржан денеска во 17:00 часот пратениците ја изгласаа Одлуката за распуштање на деветтиот состав на Парламентот. Одлуката е донесена согласно Законот за избори кој предвидува дека во рок од 55 дена пред одржувањето на изборите Собранието треба да се распушти.
Што донесе денешниот собраниски ден. Најпрво со 80 гласови „ЗА“ беше донесен Законот за јавно обвинителство (12:40 часот).
Потоа се продолжи со работа по другите Закони. Со 73 гласаа „за“ од присутни 114 пратеници денеска во 14 часот го изгласаа Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон согласно деловникот за работа на Собранието се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници, што значи дека со 61 гласови за неговото донесување е законски валидно.
По констатирањето на донесувањето на Законот за Совет на јавни обвинители претседателот на Собранието поради исцрпување на дневниот ред ја затвори 135-та седница.
Потоа, Џафери ги повика пратениците да продолжат со работа по 126-та седница на Собранието на РСМ на која на дневен ред е донесувањето измени на Законот за армија на РСМ.
Пратеничката Исмаиловска Старова зеде збор по точката и рече дека овој закон се носи за да се задоволат НАТО стандардите. Таа потенцираше дека „Ова Собрание веќе има донесено Закон за службите на армијата и за него веќе имаат гласано 7-мина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ“, при тоа ги прочита сите поименично.
Овој закон се носи со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Џафери констатира дека при гласањето вкупно гласаа 80 пратеници. Од нив 80 гласаа „ЗА“, а немаше ниту еден воздржан или против.
Претседателот на Собранието по ова започна со работа на 137 седница на која на дневен ред е предлог-одлуката за самораспуштање на Собраноието на Република Северна Македонија.
Во овој миг влегоа пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ кои не присуствуваа на претходните гласања во Собранието. При влегувањето дел од опозиционерите се пуштија во вербални довикувања и несогласувања со гласањето на независните пратеници кои беа дел од листата на ВМРО-ДПМНЕ, пред се' кон пратеничката Исмаилова Старова со довикување „Зошто ми го прочита името?“.
На оваа точка, од вкупно присутни 113 пратеници беше усвоен предложениот дневен ред. Но овде седнцата е прекината. Претседателот Џафери побара Собранието да продолжи со работа по 131-ва седница каде на дневен ред се измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Беше одобрена пауза до 15:30 часот. Продолжението на работата на парламентот резултираше со носење на предложените измени на законот за АВМУ.
Во 17 часот со едногласност на присутните 108 пратеници донесена е одлука за распуштање на Собранието.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за