Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

24 часовен штрајк во Грција го запре граничниот промет

Вторник, 18 Февруари 2020

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција (АДЕДИ) од утрово започна 24 часовен штрајк во знак на протест поради новиот закон во социјалното осигурување што вчера беше доставен во грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.

Од утрово запрен е и прометот на возила на Граничниот премин Богородица, бидејќи и царинските служби се дел од јавниот сектор на државата. Тоа предизвика колони камиони и тешки возила кои превезуваат стока од грчките пристаништа да не можат да влезат во Грција. Дел од нив поминувајќи ги царинските процедури на РСМ останаа во меѓуграничниот простор, останувајќи да чекаат отварање на границата утре наутро.

Поради штрајкот од шест часот утрово, Атина е без автобуси, тролејбуси, трамвај и метро, бидејќи во штрајкот учествуваат и вработените во јавниот превоз, што ја парализира грчката престолнина. Проблеми има и во поморскиот сообраќај, на најголемото пристаниште Пиреас бродовите останаа закотвени, а на другите две атински пристаништа има промени во возниот ред.Единствено, железничкиот сообраќај најавено е дека функционира нормално.

Во штрајкот учествуваат и Федерацијата на вработени во државните болници како и Федерацијата на вработени во локалната самоуправа. Новинарите со тричасовен прекин на работата од 12 до 15 часот, им дадоа поддршка на синдикатите.

Од синдикатот на вработени во јавниот сектор (АДЕДИ) велат дека новиот закон не е ништо друго, туку „продолжување на меморандумските закони од периодот 2010-2019“. Додаваат дека новиот закон не содржи одредени измени во старосната граница за пензионирање, односно дека се задржува границата од 67 години или 62 со 40 годишен стаж. Меѓу другото бараат враќање на 13та и 14та плата и државна гаранција за сите пензии.


Last modified on Вторник, 18 Февруари 2020 - 19:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.