Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Меѓународна Мировна награда за Заев и Ципрас

Четврток, 20 Февруари 2020

За својата дипломатска умешност во спорот околу името Македонија, бившите премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас се одликувани со Мировната награда на Вестфалија за оваа година.

Меѓународното жири во образложението на наградата истакнува дека двајцата одликувани постигнаа спогодба во деценискиот спор околу името „Македонија“ со „врвна дипломатска вештина“. Без поранешниот премиер на Северна Македонија Зоран Заев и екс-грчкиот премиер Алексис Ципрас, „спорот околу името уште долго немаше да има крај и кавгата меѓу соседите и натаму ќе го дестабилизираше целиот балкански регион', изјави вчера претседателот на Економското здружение на Вестфалија и Липе, Рајнхард Цинкан, пренесува DW.

По повеќегодишниот спор, Македонија на 12 февруари 2019 година се преименува во Република Северна Македонија. Од прогласувањето на независноста на Македонија, Грција инсистираше северниот сосед да го промени државното име, поради тоа што стравуваше од територијални претензии кон истоимениот регион во северна Грција.

Признанијата се дотирани со 100.000 евра кои се делат меѓу добитниците. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 19 септември во градот Минстер. За претходно е планирано одржување на дводневен Минстерски самит на тема мир и одржливост, на кој покрај носителите на признанијата ќе присуствува и Федерика Могерини, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика.

Наградата на Вестфалија за мир се доделува секои две години, почнувајќи од 1998 година. Таа е донирана од Економското здружение на Вестфалија и Липе, унија на повеќе претпријатија. Одликувањето го одржува во живот споменот на Вестфалскиот мир, склучен во 1648 година во Минстер и Оснабрик. Историскиот договор го запечати крајот на Триесетгодишната војна (1618-1648).

Одликувањето им се дава на поединци и институции кои станале пример со својата работа и залагање за мир. Меѓу досегашните добитници на признанието се вбројуваат и поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, поранешните германски канцелари Хелмут Кол и Хелмут Шмит, како и поранешниот генерален секретар на ОН – Кофи Анан.

Извор: DW


Last modified on Четврток, 20 Февруари 2020 - 12:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.