Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Шпанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Вторник, 17 Март 2020

Министерот за надворешни работи на РСММ Никола Димитров заедно со Амбасадорот на Шпанија во Македонија Лоренцо Сера денеска на прес конференција објавија дека Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протоколот за членство на Македонија во НАТО.
Гласањето веќе заврши по пат на електронско гласање од дома, ниеден од сенаторите не беше во зградата на Сенатот во Шпанија, поради мерките за заштита од корона вирусот во Шпанија која е една од најпогодените земји во Европа заедно со Италија со најголем број на заболени. Се очекува обраќањето на претседателката на Сенатот.

- „Гласаа 247 сенатори и сите беа „ЗА“ со нула гласови против“ изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на прес конференција во Владата на РСМ. Со тоа се остваруваат тридецениските стремежи на нашата земја за станување членка на НАТО. Нашето членство ќе значи поголема регионална безбедност, стабилност, а тоа не' прави повидливи за странските инвеститори.
Нашето членство во НАТО се случува кога се соочуваме со заедничкиот предизвик од корона вирусот. Сакам да им честитам на граѓаните. Членството во НАТО е потврда дека сме на вистинскиот пат.

Оваа одлука на Сенатот во Шпанија е историски нова, гласање од далечина, електронски од дома. Во гласањето учествуваа 247 сенатори од вкупно 265 кои се дел од Долниот дом на Сенатот на Шпанија.

- „Со гласањето во Сенатот Македонија стана официјално 30-та членка на НАТО. Со тоа Македонија и Шпанија и формално станаа соузници како продолжение на досегашната билатерална соработка“, истакна шпанскиот Амбасадор во Македонија.


Last modified on Вторник, 17 Март 2020 - 14:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.