Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Владата донесе одлука за прогласување вонредна состојба

Среда, 18 Март 2020

Премиерот на Владата на РСМ Оливер Спасовски денеска на прес конференција ја обзнани одлуката на Владата за прогласување на вонредна состојба во целата држава во траење од 30 дена.
Оваа одлука ќе биде доставена до Собранието, а ако тоа не може да се состане после одлуката за самораспуштање истата ќе може да ја потврди Претсдателот на државата Стево Пендаровски.
Одлуката за воведување вонредна состојба е со цел Владата да може согласно уставот во таква хуманитарна закана каква што е коронавирусот, во услови на епидемија и прогласена свестка пандемија да може да носи одлуки кои ќе имаат законска сила, истакна Спасовски.
- „Ние и досега донесовме сет мерки за заштита од ширењето на корона вирусот, но со можноста да носиме законски мерки кои ќе бидат извршни ќе можеме да интервенираме за заштита на економијата, помагање на секторите кои се погодени со сегашните мерки за заштита од корона и, согласно однесувањето на граѓаните, придржувањето кон препораките, ако треба ќе донесеме и други поригорозни мерки за справување со коронаирусот“ истакна премиерот Спасовски на денешната прес конференција за новинарите.

За дилемата дали кризна, или вонредна состојба уште синоќа на фејсбук Денис Прешова, доцентот по уставно право на „Јустинијан Први“ при УКИМ, напиша дека единствениот начин Собранието повторно да се свика е преку прогласување вонредна состојба.

„Очигледно дека Одлуката У.бр. 104/2016 на Уставниот суд од 2016 година произволно се толкува. Без оглед дали некому се допаѓа или не, Уставниот суд утврдил дека ОСВЕН(НАДВОР) во ситуација на прогласена воена или ВОНРЕДНА состојба (член 63 став 4), пратениците не можат повторно да се состанат по одлуката за самораспуштање. ЗНАЧИ, Собранието може повторно да се состане при вонредна или воена состојба, доколку е во можност, дури и ако претходно се самораспуштило – напиша Прешова.

Ако Собранието не се состане таква одлука за прогласување вонредна состојба се очекува да донесе претседателот на РСМ.


Last modified on Среда, 18 Март 2020 - 13:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.