Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Вонредна состојба во цела држава поради корона вирусот

Среда, 18 Март 2020

Претседателот на државата Стево Пендаровски попладнево на вонредно обраќање до нацијата ја извести јавноста дека потпишал Одлука со која се прогласува вонредна состојба во државата која ќе трае 30 дена, а доколку има потреба може да се продолжи и за уште 30, а со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

Претседателот Пендаровски рече дека за првпат во изминатите три децении од независноста на Македонија се прогласува вонредна состојба, а тоа укажува колку е сложена ситуацијата и колку е голем ризикот. Од тоа што се воведува вонредна состојба, извршната власт ќе има зголемени ингеренции и ќе може да ги користи сите ресурси и државни и приватни, нагласи Претседателот. Тој вели дека на извршната власт и престојат големи одлуки и за економијата и за ограничувањата на луѓето. „Штетите за фирмите се огромни, тука владата мора да понуди значителна помош“, рече Пендаровски.

- „Не очекуваат тешки денови, но како претседател немам никакви дилеми во исправност на одлуките кои ги носам, очекувам и од Владата која ќе има голема одговорност да биде на висина на задачата. Очекува Владата, министерствата, ЦУК, Дирекцијата за спасување, и од сите инволвирани на дневно ново да информираат за сите активности и за ажурирањето на плановите за справување“, рече Пендаровски.

Тој вели дека поддршка за воведување на вонредна состојба има и од лидерите на сите партии.
„Владата ќе биде и понатаму техничка, тоа е можност на дело да покажеме дека кога станува збор за ваква опасност сите политички партии ќе работат заеднички за здравјето на луѓето“, рече Претседателот.
Изборите ќе се одложат, а избори ќе се закажат кога ќе има услови за тоа.

- „Бидете дисциплинирани, одговорни пред себе и пред другите, особено пред повозрасните и пред оние со хронични болести, не излегувајте од дома, следете ги информациите од релевантните институции и почитувајте ги мерките“, вели претседателот Пендаровски.

Тој им се обрати на оние македонските државјани кои се нашле во друга држава, со која било основа дека најпаметно им е да останат во земјата каде што се, а за оние кои сепак решиле да се вратат дома дека се добредојдени, но дека мора да ги почитуваат мерките и да бидат во карантин.

- „Апелирам до сите луѓе на нашата заедничка и единствена држава, да бидеме смирени, одговорни и солидарни, ако се држиме заедно сигурно ќе го пребродиме и ова“, порача претседателот Пендаровски.

Last modified on Среда, 18 Март 2020 - 19:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

ОЈО во Гевгелија со парични казни за девет лица

Јавното обвинителство на РСМ денеска издаде соопштение со кое се наведува дека

Повеќе

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување

Повеќе

Седумдесет годишен А.А. е сторител на инцидентот прексиноќа во центарот на

Секторот за внатрешни работи, Канцеларија за односи со јавноста од Струмица во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.