Топ Новости

Проф. Чепреганов: Потребен е полициски час заради ниската свест кај дел од популацијата за сузбивањето на короната

Петок, 20 Март 2020

Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација против ширењето на корона вирусот (стари лица кои излегуваат во парк на партија шах, млади кои организираат забави во откупени објекти околу скопските села...) сите тие имаат еродирано его кое носи инат, пркост, непочитување на авторитети (лицата кои ги носат мерките), експлозивно панично однесување и параноја.
Тоа зависи од капацитетот на знаење и едукација на поединецот, а тоа сега не се надокнадува додека трае заканата од Ковит-19. Зато професорот Чепреганов препорача дека е потребно прогласување на полициски час за да се ограничи движењето на луѓето, контактите, а со тоа да се спречи ширењето на корона вирусот.
- „Тоа не е загрозување на човековите права. Тоа е легитимен начин на борба за да се постигнат посакуваните здравствени мерки за заштита од корона“, вели професорот Чепреганов.

За мрчаторите против мерките на властите за справување со корона заканата, Чепреганов вели: или ништо не разбираат, бидејќи се емоционално не матурирани, или имаат други намери. Примитивноста, инаетот и суетата (размислувањата од типот „мене ништо не ми е“) се главни кочничари во спроведувањето и почитувањето на мерките од страна на граѓаните. Затоа мислам дека одговор е воведувањето на полициски час за ограничено движење на луѓето за да се спречи ширењето на епидемијата.

Самоконтролата е на ниско ниво кај поединци, не можат да издржат во изолација, а здравствените мерки за спас од короната мора да се спроведат.
- „Јас му честитам на мојот млад колега Филиппче како се справува со состојбата и на целиот медицински тим кои заедно со борбата против корона се и директно изложени на ризик со оваа модерна здравствена закана“, рече Чепреганов на гостувањето во вестите на ТВ24.


Last modified on Петок, 20 Март 2020 - 13:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трговски оператори во Гевгелија вршат достава до нарачатели за време на

За време додека трае забраната за движење на граѓани и возила (т.н.

Повеќе

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во

Повеќе

Во Гевгелија наврнати 90 литри дожд на 1 м2 за пет дена, водостојот на Вардар

Почетокот на месец април започна со дожд и во изминатите пет денови од 01 до 05

Повеќе

Македонија влегува во втора фаза во битката со корона вирусот

Нови 72 заразени од корона вирусот, тројца оздравени и двајца починати е

Повеќе

Општина Гевгелија со мерки за олеснување на општинските даноци и такси кон

Поради епидемијата со корона вирусот во државата Владата донесе два пакета

Повеќе

Царинските работници активни во одржувањето на домашната економија и за време

Додека трае епидемијата со корона вирусот и вонредната состојба во државата

Повеќе

Тешко повреден возач во сообраќајка кај Прдејци

Новоасфалтираниот регионален пат Прдејци-Смоквица кој е оптеретен со промет од

Повеќе

Втората акција - пакети со лична хигиена за социјалните категории граѓани во

Мобилни тимови на Општина Гевгелија и денеска ја продолжуваат акцијата за помош

Повеќе

Македонија доби пристап до Европскиот Солидарен Фонд

Заедничката борба со корона вирусот се повеќе не' приближува и обединува со

Повеќе

Во прекин железничкиот сообраќај - Товарен воз излета од пругата кај Миравци

Поради одрон на камења врз самата железничката пруга која ја блокирала во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.