Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Полициски час од 21 до 05 часот, за младите од 21 до 12 часот следниот ден

Понеделник, 23 Март 2020

Денеска на својата 26-тата седница Владата на РС Македонија донесе одлука за измени и дополнувања на одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на целата територија во земјата, т.н. „полициски час“. Полицискиот час се скратува на времетраење од осум часа за сите граќани. Дополнително има построги мерки за возрасните од 67 години па нагоре и младите. Еве конкретно:

Забраната за движење за сите граѓани од 21:00 до 06:00 часот, се заменува со ограничување на движењето од 21:00 до 05:00 часот заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови.

Дополнително, Владата донесе одлука да се забрани движењето на граѓаните над 67 години од 11:00 часот до 05:00 часот следниот ден.  Вкупно 18 часот во текот на денот да бидат дома. Шестте дозволени часови за движење во јавен простор се за покупки на продукти за храна и лекови, никако посета на паркови или пензионерски сали за дружење.

Владата на вечерешната седница донесе уште една одлука за ограничување на движењето на младите до 18 години и за нив забраната за движење ќе започнува во 21:00 часот и ќе трае до 12:00 часот наредниот ден. Тоа е вкупна забрана за движење од 15 часови во текот на денот. Младите се подинамични и можат да бидат брзи преносители на вирусот, дури и ако не покажуваат знаци на здравствено нарушување. Затоа е мерката да седат дома во самоизолација.

Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март 2020 година.

Нема компромис за примена на мерките, од кое зависи здравјетона граѓаните. Казните за не придружање се кривични пријави кои може да значат казна затвор од една до три години за физички лица, а за правните лица прекршокот ќе значи глоба од 3.000.000 денари.


Last modified on Понеделник, 23 Март 2020 - 23:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во

Повеќе

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.