Топ Новости

Обезбедени се 55 нови респиратори, се чека на испорака

Четврток, 26 Март 2020

Европската Унија и Норвешката амбасада во донаторска мисија за обезбедување нови репиратори за Македонија. Обезбедени се средства за набавка на нови 55 респиратори наменети за Инфективната клиника во Македонија. Ова денеска на прес конференција го изјави заменик претседателот на Владата за европски прашања Бујар Османи.

- „Обезбедени се 25 респиратори со пари од Норвешката амбасада, кои сега се моментално во Турција и се бара начин како да се транспортираат во Македонија“, информира Бујар Османи.
Тој посочи дека се договорени и дополнителни 30 респиратори со средства обезбедени од кои се моментално во Кина, а се купени од средства од ЕУ, од првите 4 милиони евра обезбедени од делегацијата на ЕУ за помош со справување со епидемијата од корона вирусот.

- „Се разговара за деталите околу транспортот. Кина одговори позитивно за обезбедување респиратори, но бидејќи 100 земји исто така бараат респиратори, тие се обезбедуваат тековно, но како што се произведуваат, така ќе бидат достапни за нашите институции“, рече Османи.
Тој посочи дека ЕУ ќе пренамени 50 милиони евра за Македонија за справување сосоцио – економските штети од епидемијата, како и 9 милиони евра за помош на мали и средни претпријатија и уште 3 милиони евра за поддршка на буџетот.

Останува и понатаму за реализација донацијата од Кина на 200 репиратори за вештачко дишење, што ги вети Амбасадорот на Кина во РСМ, а која треба да се реализира исто така со динамика на производството во таа земја.




Last modified on Четврток, 26 Март 2020 - 15:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.