Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Петок, 27 Март 2020

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа бројот на новозаболени со коронавирусот во државата.
Вкупната бројка на граѓани со Ковид-19 денеска порасна до 219 лица, и таа е во пораст поради дневната бројка на новозаболени со локална трансмисија на вирусот корона и времетраењето од две-три неделен третман на болните до оздравување.

Во Македонија досега има 3 оздравени пациенти од Ковид-19, но и три смртни случаи.

Во државата има и 7.307 лица во самоизолација (наши граѓани повратници од земји со висок, или среден ризик на корона вирусот) и 618 лица под надзор.

Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години. Меѓу заболените со Ковид-19 најглем процент се лица од 15-49 години (54,12%, потоа лицата од 60+ години (22,35%). Приближно толку се и пациентите на возраст д 50-59 години (20%), а најмал процент на зафат има кај мајмладите од 0-15 години (3,53%).
Од заразените според пол 50,25% се женски пол, а 49,75% се машки пол, што значи дека вирусот подеднакво ги напаѓа и двата пола кај граѓаните.

Од заболените најголем број се во Скопје 134, потоа Дебар, 43, Куманово 17, Штип 8, Прилеп 6, Охрид и Велес имаат по 3-ца заболени, Тетово и Кавадарци по 2-ца заболени и Гостивар 1-но заболено лице.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.

Од новоотворените пунктови за тестирање на корона достапни за граѓаните се Поликлиника „Јане Сандански“, Поликлиника „Чаир“, Клиника „Жан Митрев“, Институт за јавно здравје Скопје и Сите Подрачни единици на ИЈЗ по Општините.

Досега корона тест е извршен кај влизу 2.000 лица во државата. Драстична бројка на зголемување на бројот на тестирани лица е од 18 март (со воведувањето на вонредната состојба во државата) до денеска. Министерот за здравство денеска најави дека следната недела се очекува да пристигнат нови 500.000 маски и 20.000 тестови реагенси за корона.

За споредба со земјите од регионот: Грција има 695 заболени, 29 излечени и 17 починати, во Србија вкупно 249 заразени, 3 излечени и 3 починати лица.


Last modified on Петок, 27 Март 2020 - 22:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.