Две нови жртви од корона вирус во државата

Недела, 29 Март 2020

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти заболени од вирусот Ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Еден 91 годишен пациент кој осум дена се лечел на Клиниката за инфективни болести во Скопје, и 31 годишен пациент кому нагло му се влошила состојбата, се двете нови жртви на коронавирусот во земјата. Како што објасни министерот Филипче, 31-годишникот ја добил најтешката форма на манифестација на болеста која довела до „распад на белите дробови“.

По случајот со пациентката од Струга која почина во саботата, Филипче и дал отказ на директорката на Клиниката во Охрид. Таму и натаму се испитува зошто 66-годишната стружанка не била примена на Инфективната клиника. Истото го истражува и обвинителството во Охрид.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на заразени со коронавирус, со што вкупниот број достигна 259 луѓе.

Новозаболените се дијагностицирани во следните градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга - 2, Струмица - 1, Дебар - 1, Тетово – 1, Гевгелија - 1

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

- Скопје - 145
- Дебар – 46
- Куманово – 21
- Штип- 14
- Прилеп - 8
- Велес - 6
- Тетово - 5
- Струга- 5
- Охрид - 3
- Кавадарци - 2
- Гостивар - 1
- Битола - 1
- Гевгелија - 1
- Струмица - 1

Во моментов државниот Институт прави по 200-300 тестови дневно, а со вклучувањето на приватните лаборатории, тој број ќе се зголемува во следните денови.
Филипче вели дека е рано да се оценува дали новата терапија со хлорокин и сумамед дава резултати кај оние пациенти кај кои е применета досега.



Last modified on Недела, 29 Март 2020 - 14:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.