Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Корона низ бројки кај нас и во светот до 13 часот

Вторник, 07 Април 2020

Истекува 41 ден од првиот дијагностициран случај со корона во Македонија, а во државата го бележиме ширењето на вирусот со десега 570 заболени за овие месец и десет дена и со најмал процент на новозаболени од 3%, или 15 нови случаи на корона позитивни номинално во текот на изминатите 24 часа.

Досега се излечени 30 пациенти од Ковид-19, а 27 лица имале смртен исход со болеста. Стапката на смртност во Македонија порасна на 3,6%, но расте и стапката на излечени на 5,4%. Со секој втор тест негативен на третираните болни од три до четири недели пациентите се испишуваат од болница на домашно лекување. Иако светскиот третман е две до три недели, кај нас во државата не се препушта судбината на пациентт на времето и брзолпето отпуштање од болничкиот третман. За тестирање на корона освен Институтот за јавно здравје се користат и референтните лаборатории одобрени од ИЈЗ, во Ветеринарниот факултет, во „Авицена“, „Биотек“, „Филип Втори (Жан Митрев). Досега во земјата се направени 5.493 тестирања на Ковид-19.
Според територијалната присутност заболени со коронавирус има во 18 општини низ државата, меѓу кои и Гевгелија со 4 регистрирани корона позитивни, сите членови на едно семејство.

Од 1,3 милиони заболени со коронавирус во светот бројот на починатите се искачи на 74.565 или 5,55%. Најголем број на заболени има во САД 336.153 лица и 10.831 починати. Од Европските земји Шпанија го „превзеде“ водството од Италија според бројот на заболени и изнесува 136.675 корона позитивни и 13.341 починати (со 9,76% стапка на смртност). Непопуларниот рекорд по највисока стапка на смртност во Европа и понатаму го држи Италија со 12,46% смртни последици според бројот на заболените во таа држава и тоа е највисока стапка на смртност во Европа и светот.
Од светската закана коронавирус најголем број случаи на заболени по глава на жител има во Луксембург, вкупно 4.631 случаи на заболени на еден милион жители. Досега овде се регистрирани 41 смртен случај.
Од регионот Србија има 2.200 заболени и 58 починати, Грција 1.755 заболени и 79 починати (со 4,5% стапка на смртност, највисока во регионот), Бугарија 549 заболени и 22 починати лица.


Last modified on Вторник, 07 Април 2020 - 16:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.