Одбележување на 117 год. од загинувањето на Гоце Делчев

Понеделник, 04 Мај 2020

Со панихида во чест на идеологот на Македонското револуционерно движење во сослужение на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан денеска во црквата „Свети Спас“ во Скопје беше одбележана 117-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Цвеќе пред споменикот на Делчев положија бројни делегации, меѓу кои и делегација од Собранието предводена од потпретседателката Фросина Ременски која меѓу другото изјави дека некои историски константи не може да бидат предмет на политичко договарање, а Гоце Делчев е нашиот великан, па оттука и оддавањето на почит на неговата државотворна улога.

Премиерот Оливер Спасовски пак на својот Фејсбук профил напиша дека Гоце Делчев е наш великан кој со својата мисла и дело сплотува и обединува.

„Со својата мисла и дело Гоце Делчев е личност која сплотува и обединува, не само во Македонија, туку и пошироко. Не само во минатото, туку и денес во современа Северна Македонија и пошироко. Гоце Делчев е светлото име кое ја означува нашата борба за слобода и за независна Македонија. Гоце Делчев е нашиот голем учител, нашиот пожртвуван револуционер, нашиот патоказ кон иднината“ - напиша Спасовски.

Владина делегација предводена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред гробот и споменикот на револуционерот и великан Гоце Делечев во црквата Св. Спас во Скопје.

Револуционерната мисла и борба на Гоце Делчев беше инспирација и за народноослободителните организирања на партизанските организирании воени формации за време на НОБ.
Брегалничкиот народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“, формиран на 19 мај 1943 година во месноста „Пчеларник“, Штипско. Одредот бил формиран по иницијатива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Вера Ацева, член на ПК на КПЈ за Македонија.
Друга бригада која била именувана со името на Гоце Делчев била 19-та македонско НО бригада, формирана на 8 октомври 1944 година во с. Лаки, Виничко.
Покрај пешадиските бригади, со гордост и со достоинство името на Гоце Делчев го носела и Струмичката артилериска бригада. Таа била формирана на 8 октомври 1944 година.

Првата партизанска печатница во текот на Втората светска војна била именувана по името на овој великан. Таа го носела името Партизанска печатница „Гоце Делчев“, а била формирана во почетокот на ноември 1942 година во с. Битуше (Дебарско). Во мај 1943 година била преместена во месноста Лопушник, каде што престојувал ЦК на КПМ и ГШ на НОВ и ПОМ, а потоа на слободната територија во с. Црвена Вода, каде бил отпечатен и Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ. Во оваа печатница, по нејзиното преместување во с. Горно Врановци, Велешко, на 29 октомври 1944 година бил отпечатен и првиот број на весникот „Нова Македонија“, а потоа „Млад Борец“, списанието „Македонка“ итн. По ослободувањето на Македонија, истата била пренесена во Скопје и послужила како основа за развивање на печатарската дејност по ослободувањето на Македонија.

По името намакедонскиот револуционер и деец именувани се многу училишта, библиотеки и културни установи во државата како и гевгелиската библиотека.

Загинал во Банско во нерамноправна борба со турскиот аскер во 1903 година. Бугарија ги предаде моштите на Гоце Делчев на Македонија во 1946 година, знаејќи дека припаѓа овде во ослободената престолнина на слободна Македонија и оттогаш непречено почиваат во дворот на Црквата „Свети Спас“.
Делчев живеел 31 година и творел и се борел за независносна и слободна Македонија, а 74 години почива на своето национално тло.


Last modified on Понеделник, 04 Мај 2020 - 16:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.