СДСМ: Чулев да поднесе оставка затоа што го доведе здравјето на граѓаните во опасност

Петок, 08 Мај 2020

Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора да поднесе оставка, велат во своето соопштение до јавноста од СДСМ.

Во образложението за (не)постапувањето на Чулев за кои е одговорен тие додаваат:
Вчерашниот ден беше еклатантен пример дека Наќе Отсјај нема капацитет, а ниту волја да работи во интерес на граѓаните.

Во Струга, техничкиот министер на ВМРО ДПМНЕ дозволи масовен собир со што ги изложи граѓаните на ризик од коринавирусот и создаде паника кај сите граѓани во државата.

Јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири. Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ центарот на Струга, а полицијата беше пристутна на настанот и воопшто не реагираше.

Наместо да предупреди и да спречи масовен собир во услови на опасна здравствена пандемија, полицијата иако присутна на настанот, не само што не реагираше, туку немо го следеше прекршувањето на забраната.

Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загорзувањето на здравјето на граѓаните.

Запрепастува апсолутната негрижа на Наќе Чулев за здравјето на граѓаните. Тој вчера на Денот на македонската полиција, спротивно на препораките, организираше јавен собир, без запазување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.

Дополнително, на јавно објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа и при тоа им се закануваат со физичка сила.

На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и чадна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност и нивното здравје.

Очигледно на Наќе Отсјај поважно му е да снима скапи спотови, злоупотребувајќи ги ресурсите на полицијата, во кои демонстрира моќ и во кои нема место за граѓаните.

Наќе Чулев освен да го брани Христијан Мицкоски, не е способен за ништо друго и затоа мора да си поднесе оставка, заклучуваат во соопштението од СДСМ.


Last modified on Петок, 08 Мај 2020 - 11:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.