Села: Ако сака претседателот може да стане и монарх или да избере нова влада

Сабота, 09 Мај 2020

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за уредбата на Владата со која беа замрзнати изборните дејства и за тоа дали тие треба да продолжат кога ќе прекине вонредната состојба.

„Го разговаравме ова прашање. Уредбите од Владата според експертите кои ги консултиравме, важат се додека е вонредната состојба. Основано на ова можеби е логично од тој момент да продолжат роковите. Ние сме во ситуација каде имаме една уставна празнина, вакуум и тоа вакуум во која форма на демократија е С. Македонија. Ние сме парламентарна демократија, и денес во вонреднава состојба немаме парламент. Ние сме парламентарна демократија и по вторпат претседателот на државата прогласува одлука за вонредна состојба, без да се потврди првата одлука од претседателот.
Ние сме парламентарна демократија и бидејќи некој гласно вели дека не треба се свика Собранието, тогаш апелирам до претседателот да направи нова Влада, го има ова право во оваа вонредна состојба. Тој може да избере премиер, да избере техничка Влада, и да ги тргне политичкиве претставници од привремената Влада на оваа вонредна состојба на која се наоѓа. Тој има право пак да прогласи вонредна состојба, бидејќи станува опасен претседател во врска со одлуката донесена од Уставен. Не верувам дека г. Пендаровски ќе направи нешто такво, но тој врз основа на одлуките што се донесени и во неодговорните изјави на некои политичари, тој има право денеска да стане монарх на овaа земја, бидејќи има право да прогласи вонредна состојба на секои 30 дена и до бескрај на секои 30 дена може да прогласува вонредна состојба, избори да не се одржуваат, Парламент да не се конституира и со ова каде ќе завршиме?!
Овие дилеми за жал, јас не знам дали судиите кога одлучувале ги имале предвид за потребата да се состане Парламентот. Не знам дали ги имаат предвид некои политички актери кои инсистираат и не го свикуваат Парламентот. Верувам дека ако Претседателот сака да прави нова Влада, тогаш истите ќе го креваа гласот и ќе речеа ајде брзо да го свикаме Парламентот затоа што вака не може. Значи некој ја користи ситуацијава за тесни партиски интереси. Има политички партии кои во оваа состојба добиваат големи пари и изјавуваат дека парите на нивните функционери ќе ги донираат за солидарниот фонд. Зошто да не, кога имаме директори на клиники ексминистри и функционери на еден албански политички субјект кој една заштитна маска со пари на граѓаните ја купува за 380 денари. Замислете каков профит реализираат тие! Затоа велам дека ситуацијата е оваа која е, но ние треба да се фокусираме за да излеземе од оваа криза и Комисијата за здравство само треба да каже дали има услови за избори во ситуацијата со пандемијата“, вели Села.

Извор: 360 степени


Last modified on Сабота, 09 Мај 2020 - 02:52

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.