Филипче: Продолжување на вонредната состојба за да продолжат да важат мерките и препораките против корона

Четврток, 14 Мај 2020

Министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок на Советот за безбедност ќе побараат продолжување на вонредната состојба, со цел да имаат механизми за имплементирање на препораките против корона (ковид-19). Првата вонредна состојба беше прогласена на 18 март, па се продолжи на 18 април со важност од 30 дена и истекува во неделата.

- „Дел од мерките кои ги предложуваме важат за вонредната состојба и важно е да важат и понатаму, во однос на рестрикциите и уредбите“, појасни министерот.

- „Вирусот нема да исчезне. Короната е во фаза на смирување, се намалува инциденцијата. Сепак, фактори на ризик и влошување на епидемијата може да бидат: отварањето на границите, патувањето на нашите граѓани во странство и враќањето дома, и почетокот н аработа на училиштата од септември“, ги образложи размислувањата на КЗБ и МЗ министерот Филипче.

Тој истакна дека почнуваат регионали состаноци со цел за побезбедно патување, согласно препораките на Европската Комисија која вчера објави пакет мерки. Министерот денес ќе оди на состанок со заменик-министерот за здравство на Грција, и ќе разговараат за досегашната припрема на здравствениот систем, и за координцаија за отворање на границите и на аеродромите.

- „Ги слушнавме вчера рекациите во јавноста, за одлуката за државните функционери да може да патуваат и потоа да не одат во карантин. Сакам да укажам дека не станува збор за ништо друго совен за органиизирање на состаноци од ваков тип. Сите посети се согласно протоколите за заштита на Комисијата за заразни болести. Воопшто не станува збор дека кој било функционер може да патува“, кажа министерот.

Last modified on Четврток, 14 Мај 2020 - 12:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.