Пендаровски ја продолжи вонредната состојба до 30 мај

Петок, 15 Мај 2020

Вонредната состојба ќе трае уште 14 дена или до 30 мај, известуваат од Кабинетот на Претседателот Пендаровски, каде денеска во вилата Водно се одржа седница на Советот за безбедност.

Претседателот Стево Пендаровски соопшти, по седницата на Советот за безбедност, дека ќе потпише нова – трета одлука за прогласување вонредна состојба, ама овој пат таа ќе трае само 14 дена, што би значело заклучно со 30 мај.

Според Пендаровски, продолжувањето на вонредната состојба е само поради економските импликации од корона-кризата, додека за изборите ќе се разговара на нова лидерска средба следната седмица. Тој нагласи дека има најави за потпишување аранжман со ЕБРД и дека тоа е една од основните причини поради која се продолжува вонредната состојба, како и поради потребата да се донесат уредби со законска сила, во ситуација кога парламентот не заседава.

Втората одлука на Пендаровски за вонредна состојба во земјава истекува утре. Пред почетокот на седницата на Советот за безбедност, Владата достави до Пендаровски нов предлог за прогласување вонредна состојба, повторно во траење од 30 дена, но претседателот донесе одлука за двојно покус рок.

Кај претседателот на државата пристигаа премиерот Оливер Спасовски, претседателот на Собранието Талата Џафери, министрите за надворешни и за внатрешни работи, Никола Димитров и Наќе Чулев, а меѓу присутните е и д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. На самиот влез на сите екипа од ИЈЗ им мереше телесна температура.


Last modified on Петок, 15 Мај 2020 - 17:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.