Третиот пакет економски мерки тежок 355 милиони евра

Недела, 17 Мај 2020

Владата на денешната седница го донесе третиот пакет мерки наменети за  категориите граѓани чиј семеен стандард е погоден од корона епидемијата во државата, а предвидено е да се испорачува како директна финансиска поддршка за граѓаните.
Вредноста на мерките од третиот пакет изнесува 355 милиони евра и преку нив ќе бидат опфатени 730.000 корисници. Со овој пакет, вкупната помош за економијата од трите сета мерки изнесуваат 550 милиони евра или 5.5% од БДП.

Со новиот пакет мерки, како директна финансиска поддршка за граѓаните со цел стимулирање на потрошувачката со фокус на домашните производи и услуги и погодените сектори, се воведуваат платежни картички за граѓаните:

- Околу 100 илјади граѓани на нашата земја ќе добијат платежна картичка вредна 9.000 денари за македонски производи и услуги. Оваа мерка е достапна за сите невработени лица, баратели на работа кои немаат над 15.000 месечни приходи, како и примателите на гарантирана минимална помош
- Околу 100 илјади наши граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6,000 ден и домашна платежна картичка од 3,000 ден
- Мерката парична поддршка за млади дo 6,000 денари, платежна домашна картичка од 3,000 денари и ваучери за кофинансирање за обуки за ИТ и дигитални вештини
- Воведуваме и ваучери до 30,000 денари за кофинансирање на обуки, тренинзи и курсеви за ИТ и дигитални вештини за млади
- Воведуваме викенд без ДДВ за сите граѓани
- Паричен надоместок за сите лица кои останале без работа од 11 март до 30 април 2020.

Last modified on Недела, 17 Мај 2020 - 22:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.