Заев: Без политички договор законот налага избори на 21 јуни

Вторник, 19 Мај 2020

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека без полтички договор мора да се почитуваат законските рокови кои предвидуваат избори на 21 јуни. Ова го истакна синоќана на интервју на Канал 5, а го повтори и денеска на прес конференција која се' уште трае. Заев истакна дека не е прашање дали ВМРО ДПМНЕ ќе бојкотира или не туку дали ќе учествува во кампањата или не. Според него тие веќе предале изборни листи и се дел од изборниот процес.

- „Не е прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат на изборите, туку прашањето е дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во изборната кампања или не. ВМРО-ДПМНЕ учествува на изборите, тие прифатија изборите да бидат на 12 април, потоа прифатија одложување на изборите, доставија кандидатски листи, ждребовањето е завршено, се е подготвено за избори, оцени претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција.

Зборувајќи за можниот датум за избори тој рече дека законските рокови налагаат тоа да биде 21 јуни.

Во услови кога нема договор, изборите треба да се спроведат согласно законските рокови. Во услови кога и по втората лидерска средба не дојдовме до решение, останува да одиме на избори според роковите што се заокружени, односно по завршувањето на вонредната состојба на 30 мај изборите да се одржат во определениот рок од 22 дена – на 21 јуни, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Заев остави простор за договор со останатите политички партии до истекувањето на вонредната состојба, а без договор настапуваат на сцена законските рокови, каде според уставот последен ден за одржување на законски избори е 21 јуни.

Тој оцени дека опозицијата се плаши од изборите и бара опрадвувања да избега од нив.

„Кога нема договор, едноставно во секоја демократска земја останува да се примени законот и владеењето на правото. Треба изборите да се одржат со законски пропишаните услови и рокови. Очигледно е дека опозицијата не е подготвена, се плаши од избори, бидејќи бројките покажуваат дека победуваме и тоа со голема разлика. Но, тоа не смее да биде причина да ја заглавиме државата без институции и на штета на економијата и здравјето на граѓаните“, оцени Заев.

Тој смета дека Државната изборна комисија е должна да ги спроведе изборите во роковите што ги предвидува Уредбата со законска сила, што беше донесена откако беше прогласена вонредната состојба и изборите беа одложени.

- „ДИК е извршно тело. Тоа добива рокови, пропишани од претседателот на Собранието, кој ги распишува изборите и тие постапуваат по тие рокови. Теоретски имаме рокови за избори кои треба да се одржат и за 40 дена, и сме одржувале избори во тие рокови и изборите беа успешни. Роковите се јасни, претседателот на Собранието не може да распише нови избори, останува рокот определен со изборните рокови кои беа замрзнати поради здравствената криза. Неспроведувањето на одлуката поведува и одговорност“, оцени Заев и додаде дека Изборниот законик во делот на ажурирањето на Избирачкиот список е јасен и предвидува дека кога е завршен јавниот увид МВР е должно да достави список на полнолетни гласачи заклучно со 21 јуни, изјави Зоран Заев.

Тој на пресот се осврна на третиот пакет економски мерки за заживување на економијата и помош на граѓаните, каде се издвоени вкупно 355 милиони евра, а се' вкупно 700 милиони евра заедно со првите два економски пакет сета на Владата, но новинарите со прашања ја усмерија дискусијата кон темата избори, изборни рокови и учество на опозицијата.

Last modified on Вторник, 19 Мај 2020 - 12:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.