Топ Новости

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Петок, 29 Мај 2020

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за ширење на корона вирусот пред јавноста ја отвара дилемата „Ќе има ли нова вонредна состојба која истекува на 30 мај, враќање на полицискиот час, или карантин за општините кои се жаришта на вирусот, како Чаир, Аеродром, Сарај, Гази Баба, Бутел?“.
Дали Владата ќе бара ново продолжување вонредната состојба, ќе се знае по седницата на Советот на безбедност што утре ќе се одржи кај претседателот Стево Пендаровски. Премиерот Оливер Спасовски не потврди, но и не исклучи таква можност. Сепак, останува при ставот дека со датумот за избори не треба да се лицитира.

- „Јас не сакам да лицитирам со датуми. Прво тоа не е одговорно затоа што одржувањето на изборите веќе неколку пати напоменав е детерминирано од завршувањето на вонредната состојба. Во моментот кога ќе заврши вонредната состојба, имаме уште 22 дена за спроведување на изборните активности и нормално тоа го определува и датумот на изборите“, рече Оливер Спасовски.

Доколку партиите не успеат да се договорат денес или утре, а претседателот Пендаровски не ја продолжи вонредната состојба, привремено прекинатите изборни дејства ќе продолжат да течат и по сила на тие рокови и уредбата на Владата изборите ќе треба да се одржат на 21-ви јуни.

Професорот Љубомир Фрчкоски смета дека договор помеѓу партиите за избори има и дека тие ќе се одржат во јули. Во емисијата Клик Плус на Тв21 изјави дека токму поради „пеглање“ на датумот за избори, вонредната состојба ќе биде продолжена.

- „Претседателот ќе им понуди ако треба продолжување на вонредната состојба за да го покрие тој датум, и ќе го спакуваат терминот за избори некаде кон средината на јули“-изјави Фрчкоски.


Last modified on Петок, 29 Мај 2020 - 20:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.