Топ Новости

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Четврток, 04 Јуни 2020

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица „Боемска“ во Скопје, а сега и СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување (ЕБР) ги чекаат снимките од камерите да се утврди што има на снимките од камерите во објектот - што се криело и кого?

И полицајци од СВР Скопје и припадници на Специјалната единица за брзо распоредување (ЕБР) во моментов се распоредени на Боемската улица во Скопје. И едните и другите го чуваат објектот во кој денеска беше затекнат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во време кога е забрането угостителските објекти да примаат гости внатре во објектите, особено во внатрешен затворен дел каде нема надворешна тераса (што е спротивно на протоколот за работа на угостителските објекти и мерките за спречување на коронавирусот).

Мицкоски одамна не е таму. Тој заминал за време на неуспешните обиди на пазарните инспектори да извршат контрола во ресторанот, кои беа и попречувани во работата. Причината што сега има толку силно полициско присуство се снимките од камерите во ресторанот.

Упатени извори говорат дека снимките, во моментов, се безбедни. Се чека наредбата од јавен обвинител.

Така, на терен е началникот на СВР Скопје Ристо Ставревски, кој беше поставен како човек од доверба на Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ставревски изјави дека дошол на местото по дојава од гости и дописи во јавноста. Но, не знае зошто на терен дошле и специјалци од ЕБР, јавува „360степени“.

„Од инспекторатот не побарале интервенција на полицијата. Имаше најава од гости и преку социјалните мрежи дека има проблем на Боемска улица. Јас добив информации дека физички била нападната пазарната инспекција додека ја вршеле својата работа. Тука имаше полициски службеници за доколку имало напад веднаш да постапуваме за загрозување на безбедноста, но од инспекторатот ни беше посочено дека немало таков настан. Преку медиумите видов дека присустни се претставници на ЕБР без мое знаење и добиле наредба од Директорот на Бирото за јавна безбедност“, изјави Ставревски.

Тој вели на терен го затекнал и дополнителниот началник на СВР Скопје Тони Јакимовски, за кој се пожали дека немаат соработка за случајот. Полицијата сега, вели, чека судски налог за да влезе во објектот и да ги испита надзорните камери.

„Бев информиран дека во објектот има лица внатре во објектот. Добивме наредба од директорот да бидеме присутни и да ја следиме состојбата, чекаме наредба од судија на претходна постапка за да се влезе да се проверат наводите и информациите во јавноста. Се чека обезбедување на наредбата, после тоа ќе се влезе ќе се бараат безбедносни камери. Ќе влеземе да видиме и дали има некој внатре“, изјави Ставревски.

За разлика од шефот на СВР Скопје Ставревски, шеф на Бирото за јавна безбедност е Сашо Тасевски. Тој дојде на позицијата како кадар од доверба на владејачката СДСМ. Неофицијално, реакциите на различни полициски сили и привидната некоординација е сомнежот дека е можно да бидат избришани снимките од надзорните камери во ресторанот. А токму тие снимки би биле непобитен доказ – дали лидерот на опозицијата ги крши мерките за спречување на ширењето на ковид-19 или не.

Извор: „360 Степени“
Видео и фото: „ТВ21“

 

Last modified on Четврток, 04 Јуни 2020 - 01:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.