Топ Новости

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Четврток, 04 Јуни 2020

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни одбележувањакаде се посетуваат гробиштата и се дели храна, Комисијата за заразни болести следејќи ги последните растечки податоци на заболени со коронавирус излезе со предлог пред Владата за воведување мерка „полициски час“ во траење од четврток 21 часот до понеделник 05 часот наутро. Овој долготраен полициски час со вкупна должина од 80 часа се однесува во десет најзагрозени општини со најголем број на заразени (Скопје, Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати општини во државата забраната за движење започнува од 21 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден, петок 5 јуни, почнувајќи со примена од денеска четврток 4 јуни. Од петок до недела, забраната за движење ќе има времетраење од 13 часа, почнувајќи да се применува во терминот од 16 до 05 часот за деновите петок, сабота, недела.

Министерот за здравство, Венко Филипче вчера вечер соопшти дека Владата донела забрана за посета на гробишта на целата територија на државава. Забрана ќе важи од утре од 21 часот до понеделник до 5 часот.

- „Петок е неработен ден за сите граѓани. Од четврток од 21 часот до понеделник до 5 часот се забранува посета на гробишта на целата територија, освен за погреби“, рече Филипче.

Оддадете им спомен на своите починати дома со мисла, спомени, запалена свеќа. Короната не е шега.




Last modified on Четврток, 04 Јуни 2020 - 12:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.