Топ Новости

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Четврток, 04 Јуни 2020

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на Митрополитот Агатангел и Повардарската Епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска Задушница, во петок и сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта.

- „Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, велешкото обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување на податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките кои се определени од страна на Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на Јавното обвинителствто кое потсетува дека Повардарската епархија на МОЦ-ОА денеска ги повика верниците в петок и в сабота, од 8 до 14 часот, кога е на сила полициски час, да дојдат во дворовите на црквите на литургија по повод празникот Духовден.

Владата вчера на својата седница освен воведувањето полициски час со времетраење од 80 часа за 10-те општини кои се најбројни по бројот на позитивни случаи со корона, туку и воведе полициски час за останатите општини, а за посетите на гробишта изрече забрана која започнува од четврток 21 часот до понеделник во 05 часот.

Повикувањето на посета на верските храмови со жито, леб и вино за молитва на упокоените е спротивно на мерките на Владата за спречување на коронавирусот во нашата земја.

Владата забрани, но Агатаангел ги повика верниците, масовно, да ги посетат верските храмови. Прв кој му се спротистави на митрополитот беше токму министерот за здравство, Венко Филипче, кој ги појасни причините поради кои се воведува забраната и се воведува карантин во Скопје и во уште неколку други градови во државата на предлог на Комисијата за заразни болести.


Last modified on Петок, 05 Јуни 2020 - 00:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.