Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

Вторник, 30 Јуни 2020

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник на коалицијата „Можеме“ и носител на изборната листа на коалицијата за ИЕ 4, одговори на јавниот повик на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ кој е носител на листата во 4-та од оваа партија, на неговата јавна поканата за дуел:

- „Зборот на Александар Николовски е зборот на Никола Груевски. Тој е главниот линк меѓу Никола Груевски и Мицковски. Ќе и' порачам на опозицијата - „Нека се договорат, кој е лидер на ВМРО-ДПМНЕ, дали Мицковски, или Груевски? Кога ќе се договорат тогаш ќе прифатам дуел. Зошто, за нив изборите се борба за лидерство во ВМРО-ДПМНЕ“ - одговори Заев пред јавноста на јавната покана за дуел од ДПМНЕ.

Мицковски бега од изборно соочување. Не прифати да биде носител на изборна листа туку го прати во 4-та Александар Николовски, кој што е од Охрид, а живее во Скопје, да доаѓа тука во Гевгелија и да кажува како ќе се отвараат рудници, констатира Заев.

- „Кој е Александар Николовски? Со 22 години влезе во Парламентот. Нема ниту 5 денари заработено од труд, се' е од партиска функција. И сега тој ќе збори овде за Гевгелија и враќање на рудниците во Гевгелија и Југоистокот. Зарем треба во Гевгелија главна порака на кампањата на опозицијата да бидат рудниците? За 48 часа ние од СДСМ ги слушнавме пораките од граѓаните и ги поништивме концесиите за Казандол и Иловица. Нема да дозволиме никој повеќе да не' лаже. Гласот за Александар Николовски е глас за рудниците. Тие ги даваа концесиите, ние ги укинувавме“ - беше дециден во својата порака до изборните опоненти од опозицијата, Зоран Заев.


Last modified on Вторник, 30 Јуни 2020 - 13:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.