Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

Четврток, 02 Јули 2020

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите Нации и согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а ние меѓународната комуникација ја водиме и на македонски јазик”, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција пред Собрание.

Претседателот Заев истакна дека ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. „Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека “сме го изгубиле јазикот”. И да престанат да ни ги вреѓаат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го “северџански”. Ние зборуваме македонски јазик, кој полека станува дел од големото европско семејство, заедно со останатите европски јазици. Е тоа е патриотизам, тоа е грижа за татковината, за македонскиот идентитет”, потенцираше Заев и го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави успехот во ЕУ интеграциите.

- „Денес, ги повикувам нив, ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог преговарачката рамка. Да ја поздрават и веста дека законодавството на ЕУ ќе биде преведено на нашиот македонски јазик. Беа против интеграцијата во НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Беа против Законот за јавно обвинителство кој носи правда. Мицкоски не аплаудираше кога тука во Собранието го усвоивме протоколот за членство во НАТО. Ајде, еве денес, нека се одважат, нека го поздрават овој важен чекор од нашата европска интеграција, нека го поздрават македонскиот јазик“, заклучи Заев.




Last modified on Четврток, 02 Јули 2020 - 13:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.