Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Четврток, 02 Јули 2020

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние кои учествуваа во првата трансплантација на срце во нашата земја. На средбата присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев.

- „Донорот Емилија и нејзиното семејство се најдобриот пример за хуманост, грижа, добрина и човечност. Од срце се заблагодарувам на целото семејство за алтруизмот кој го покажаа на дело. На 23 мај за првпат изведовме трансплантација на срце во нашата земја. Трансплантираниот пациент Иван е во добра состојба. Срцето на Емилија сѐ уште чука! Горд сум што човекољубието е над сѐ. Горд сум на целиот медицински персонал што беше вклучен во овој процес. Покажавме дека можеме, направивме историски исчекор и продолжуваме да правиме пресврти во јавното здравство!“ - напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски денеска во Владата, придружуван од министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче се сретна со дел од тимот што ја направи првата трансплантација на срце на 23 мај годинава, на кои им додели благодарница за историскиот подвиг, посебно именувајќи ги сите кои учествуваа во сложениот зафат.
На средбата присуствуваше и синот на донорот Емилија Динева, Влатко Динев, на кого премиерот Спасовски симболично му врачи благодарница, изразувајќи му огромна благодарност од свое лично име и од име на Владата.

- „Благодарницата за семејството Диневи, сакам лично да му ја предадам на синот на Емилија Динева, Влатко и да се заблагодарам прво за нејзината лична одлука, а потоа и за согласноста на семејството нејзината одлука да ја претворат во трајно сеќавање за нејзиниот исклучителен хуман гест и желба, своите органи да ги дарува на оние на кои им се во моментот најпотребни за да продолжи друг живот“, рече премиерот Спасовски.

Обраќајќи се кон тимот, лекари и медицински персонал, премиерот Спасовски истакна дека успешната трансплантација на срце е историски резултат и вистински подвиг и сведоштво за висината на експертизата и стручноста на целиот здравствен систем во нашата земја бидејќи опфати голем број здравствени институции и поединци кои се вградени во ова историско остварување.
- „Во време кога целото наше внимание, сиот наш здравствен систем е ставен во функција на справување со најголемата глобална здравствена криза заради пандемијата со КОВИД-19, вие се обединивте, ги здруживте вашите капацитетите, знаењата, искуството и стручност за да извршите зафат што претставува круна во кардиохирургијата и медицината воопшто“, оцени премиерот Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче пред присутните истакна дека со оваа постапка се заокружија два големи сегменти во здравствениот систем во нашата земја: трансплантацијата и кардиохирургијата.

„Ова е само почеток на една успешна соработка. Со овој чин се подигна свеста да се донира орган. Ги направивме сите подготовки за тоа што треба да значи трансплантација на срце. За кратко време се организираше целата работа и се заврши во најдобар ред. Направивме еден т.н „heart“ тим во којшто членуваат сите кои имаат познавање со кардиохирургијата. Од срце се заблагодарувам на семејството на починатата за хуманоста која ја покажаа на дело“, рече министерот Филипче.

Директорот на Клиниката за Државната Кардиохирурхија, д-р Сашко Јовев им се заблагодари на претставниците на Владата за тоа што го препознаа нивниот труд.

- „Трансплантацијата на срце претставува врв во срцевата кардиохирургија и во медицината воопшто. Но, ова што практично би требало да го препознаеме сега има научен, стручен, човечки мотивиран потенцијал, пред сè во државното здравство кој треба да биде препознаен. Единствено ни треба само малку ветар во грб, а се останато оставете го на нас. Сакам да се заблагодарам на синот на починатата затоа што спасија три животи. Со трансплантацијата не треба да престанеме тука. Оваа програма мора да постои, да опстои, да се развива, а ќе ја развиваме со помош од државата, медиумите и сите мотивирани стручни лица кои го претставуваат тимот“, рече д-р Јовев.


Last modified on Четврток, 02 Јули 2020 - 20:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

Угостителите со работно време до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по

Повеќе

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.