Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Сабота, 04 Јули 2020

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од анкетата на американскиот Национален демократски институт (НДИ) спроведена во јуни.

На прашањето за кого ќе гласаат ако изборите се одржат денеска, 24,8 отсто од испитаниците се изјасниле за коалицијата „Можеме“, а 21,2 отсто се изјасниле за колалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За ДУИ се изјасниле 7,2 отсто, а за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива 5,7 отсто.

Во однос на довербата во лидерите, граѓаните најмногу му веруваат на Зоран Заев со 40%, а Христијан Мицкоски заостанува речиси дупло зад Заев со 28%. Зијадин Села ужива поголема доверба пред Али Ахмети со 17 наспроти 15%, колку што има и Билал Касами а 11% се наклонети кон Африм Гаши.

Дека сирурно ќе гласаат на претстојните парламентарни избори се изјасниле 40 отсто од испитаниците, а 29 отсто од нив рекле дека веројатно ќе гласаат. Четириесет и еден процент од сите испитаници изразуваат загриженост во врска со демократските стандарди на изборите. Од анкетираните граѓани 46 проценти изразуваат загриженост во врска со здравствените мерки за заштита.

Од лицата кои се изјасниле дека нема да гласаат на изборите, најголем дел, или 22 отсто рекле дека нема да гласаат поради страв од КОВИД – 19, 15 отсто рекле дека ќе ги бојкотираат, а 12 отсто дека тоа нема да го направат поради незадоволство и разочараност од сите партии.

НДИ ја спроведе анкетата на јавното мислење на терен, преку интервјуа лице в лице, од 12 до 21 јуни на национален репрезентативен примерок од 1.213 испитаници кои имаат над 18 години. Податоците од анкетата не го предвидуваат изборниот резултат, нагласуваат од Институтот.
Предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 15 јули. 


Last modified on Сабота, 04 Јули 2020 - 14:42

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД

Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска

Повеќе

Од јануари пензиите повисоки за 185 денари

Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите

Повеќе

Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови

Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните

Повеќе

Угостителите со работно време до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по

Повеќе

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.