Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Денес гласаат 697 лица во карантин и самоизолација, еден е од Гевгелија

Понеделник, 13 Јули 2020

Во трите дена за гласање определени за изјаснување на граѓаните на 10-те по ред Парламентарни избори, а петтите предвремени, денеска во државата се изјаснуваат корона позитивните лица, лицата в карантин и со определена мерка за самоизолација.
Такви во државата има пријавено 697 лица кои доброволно е пријавиле во Општинските изборни комисии дека сакаат да го остварат своето право на глас во домашни услови. Во Гевгелија до ОИК пристигна само една пријава на лице позитивно на корона и во самоизолација.
Посебен избирачки одбор составен од медицински лица денес го посети гласачот со избирачко право, во неговиот дом, со посебна опрема, скафандери, маски, ракавизи, визери (за еднократна употреба) и му го доставија изборачкото ливче на сопствено изјаснување.

За среќа тоа е лицето од Гевгелија кое доби резултат за втор негативен тест од корона, (за кого пишувавме претпладнево). Иако негативен, тој беше пријавен во ОИК да гласа денес и денеска гласаше во својот дом под строгите услови и пропишан протокол за гласачите од оваа категорија на граѓани кои гасаат во понеделник. 
Од ОИК велат дека овој глас во посебен плик ќе се чува до сумирањето на гласовите по завршувањето на изборниот процес, односно по 21 часот во средата кога ќе се сумираат изборните ливчиња и изразена гласачка воља на граѓаните.

Утре во државата се изјаснуваат болните, изнемоштени лица и лицата кои се во Казнено поправните домови. Такви во државата се пријавени близу 9 илјади лица, а само во општина Гевгелија има 187 болни лица кои побарале да гасаат во домашни услови. Утре гласаат и 29 лица кои се на избирачкиот список на Општина Гевгелија, а во моментот се на издржување казна затвор во КПД низ државата.

Во средата 15 јули ќе гласаат сите останати кои се во конечниот избирачки список утврден од ДИК, а то се 1.814.263 лица со право на глас во државата. Во општина Гевгелија гласачкото тело го сочунуваат вкупно 19.136 лица полнолетни граѓани со право на глас.

 

Last modified on Понеделник, 13 Јули 2020 - 17:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.