Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

ДИК со неофицијални резултати – СДСМ има два мандати повеќе од ВМРО-ДПМНЕ

Четврток, 16 Јули 2020

ДИК вечерва, после 25 часа од завршено то гласање излезе со првични конечни но неофицијални резултати. Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски на јавната седница на ДИК која се одржа околу 22 часа откако заврши гласањето ги соопшти конечните неофицијални резултати. Бројот на добиени мандати на политичките партии кои учествуваа на изборите е идентичен со објавените бројки во првичните неофицијални резултати: Коалицијата „Можеме“ освои 46, ВМРО-ДПМНЕ – 44, ДУИ – 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива – 12, Левица – 2 и ДПА – 1 мандат.

Комисијата едногласно го усвои записникот со кои се прогласија овие резултати, јавува „мета“.

Деркоски го соопшти и бројот на гласови што ги добиле учесниците во изборите, кој, како што рече е утврден врз основа на податоците од Општинските изборни комиси (ОИК) и целиот изборен материјал.

Од вкупно 1.814.236 запишани избирачи во Избирачкиот список, гласале 942.334 гласачи. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња е 869.889.

Важечки ливчиња се 910.868, а неважечки 31.466.

Со тоа, коалицијата „Можеме“ на СДСМ освоила 327.329 гласови, ВМРО-ДПМНЕ и коалиција 315.344, ДУИ 104.587, АА-Алтернатива 81.297 гласови, Левица 37.551, ДПА 13.891 гласови, Интегра 12.291, ГДУ 3.555, МОРО 3.240, Глас за Македонија 2.801, Единствена Македонија 2.604 гласови, „Твоја“ 1.894, Демократи 1.556 и Народна партија на Роми 1.225 гласови.

Како што рече претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, на јавната седница, соопштувањето на резултатите малку подоцна во текот на денот во однос на претходните избори се должи на тоа што овојпат гласањето беше два часа подолго и им требало подолго време на Општинските изборни комисии (ОИК) да ги достават резултатите во ДИК. Тој уверуваше дека вчерашниот хакерски напад воопшто не влијаел на резултатите, оти тие се утврдуваат само на основа на записниците од ОИК.

Тој напомена дека станува збор за конечни неофицијални резултати, за кои има минимални или никакви шанси да се сменат по постапката која што следува. Носителите на листите сега имаат два рока за поднесување жалби, од кој едниот, за утврдување на резултатите истекува утре во 21 часот, а рокот за жалби за сумирање на резултатите изнесува 48 часа од вечерашната седница.

Деркоски рече дека изборните активности се одвивале непречено, среде тешка и комплицирана ситуација, кога владее пандемиската криза со корона вирусот. Тој демантираше дека хакерскиот напад од вчера ќе се одрази на резултатите, оти тие се утврдуваат во друга постапка, а не преку сајтот. Претседателот на ДИК кажа и дека комисијата го известила МВР за нападот и вработените од Секторот за компјутерски криминал биле денеска во ДИК и почнале истрага.

Веб-сајтот со резултатите, пак, се уште е паднат.

 

Last modified on Четврток, 16 Јули 2020 - 22:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.