Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Кривична пријава за ноќен клуб од Струмица, недозволено организирал забави за 500 гости

Недела, 19 Јули 2020

Скандалозно однесување на над 500 лица во струмичкиот ноќен клуб „Аватар“, од каде слики протекоа и се шират на социјалните мрежи - пазарен инспекторат најави кривична пријава за клубот како правно лице и сопственикот на клубот како одговорно лице. Во државата се' уште е на сила мерката забрана за групирање повеќе од 50 лица на отворен простор.

Иако клубот неофицијално извесно време организирал забави, официјално, се' започнало во петокот вечерта, музиката пуштена на најгласно, гостите разиграни без маски и дистанца – забавата траела до утринските часови. Се играло и пеело, се до моментот кога 4 пазарни инспектори од Скопје влегле во клубот и констатирале прекршување на сите здравствени протоколи. Инспекторите на ДПИ, велат дека на сопственикот на локалот му било укажано дека од истиот момент ќе се соочи со кривична пријава во ОЈО бидејќи го загрозува колективното здравје во време на КОВИД – 19. Кривичната пријава како што посочуваат од ДПИ ќе биде поднесена во текот на следната недела откако предметот ќе биде комплетиран.

Од пазарниот инспекторат посочуваат дека клубот доколку продолжи со работа ќе се соочи со поригорозни мерки. Но, сопственикот на клубот „ Аватар“, Никола Тунев за Канал 5 појаснува дека е свесен за последиците и е подготвен на одговорност.

По однос на случајот со ноќниот клуб „ Аватар“, за кој сопственикот тврди дека е регистриран како кафуле, од министерство за економија за Канал 5 велат дека во нивниот регистар евидентиран е како зимски ноќен клуб и дека истиот работел без лиценца од јануари до денес.

Дополнително, од ДПИ велат дека покрај ноќниот клуб „ Аватар“, кривична пријава ќе заработи и сопственик на базен во Виница каде што имало организирана забава без да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Додека за локалот во Прилеп, каде се правело забава, од ДПИ велат не може да постапуваат бидејќи сопственикот ја прекинал забавата пред да стигнат инспекторите на самото место и го затворил локалот.

Секој еден од гостите во ноќниот клуб кој што ќе биде идентификуван ќе биде соодветно казнет од страна на МВР, вели за Канал 5, заменик – министерката за внатрешни работи, посочувајќи дека се работи за грубо прекршување на здравствените протоколи.

Покрај, детектираниот случај во Струмица, ДПИ посочува дека периодот интензивно ги следат социјалните мрежи каде се споделуваат слики и видеа од ноќни забави каде и самите угостителски објекти споделуваат објави за тоа какви забави организирале.

Фото: Прин скрин


Last modified on Недела, 19 Јули 2020 - 21:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.