Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Петок, 07 Август 2020

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната служба на граничниот премин „Богородица“ од страна на грчката гранична служба од граничниот премини „Евзони“, нашите служби се информирани дека за влез во Република Грција почнувајќи од денеска 07.08 (петок) во периодот од 22.00 до 06.00 часот (по македонско време) воопшто нема да се пропуштаат патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила.
Воедно, за излез од Република Грција, сообраќајот ќе се одвива нормално и ќе се пропуштат сите патници, патнички моторни возила и товарни моторни возила. Мерката ќе важи во горенаведениот термин до 15.08.2020 (сабота), се вели во соопштението од МВР.

Ова значи осумчасовно затварање на грчката граница за влез на секаков вид меѓународен сообраќај, (патнички, мотоен, товарен).
За влез во Македонија од Грчка страна оваа забрана не важи.
Мерката ја најави вчера портпаролот на Владата на Република Грција Стелиос Пецас на вчера одржаниот брифинг со тамошните новинари, како контрола на одредена категорија грчки граѓани кои често ја преминуваат грчката граница кон земјите од Балканот и Европа, а земјата во моментот се наоѓа во ковид криза и најавија можни локални карантини во Р.Грција. Вчера најавениот термин од дописникот на МИА од Атина, од 23 ч. до 07 часот бил по грчко време, а денешната официјална објава (известување) од МВР е од 22 до 06 часот наутро следниот ден (по локално македонско време). 


Last modified on Петок, 07 Август 2020 - 16:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.