Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Вторник, 11 Август 2020

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на седница на Влада како предлог од Комисијата за заразни болести која што во врска со почетокот на учебната година излезе со предлог наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто е неопходно физичко присуство на децата. Во тек е дискусија во рамки на владината седница и имајќи ги предвид сите аспекти и од Министерството за образование и наука, верувам дека Владата ќе донесе дефинитивен заклучок во следните неколку дена, посочи министерот Филипче.

Онлајн настава без физичко присуство на учениците во училиштата е предлогот на Комисијата за заразни болести како превенција за спречување на ширењето на корона вирусот во земјата.
Сите ученици, освен првооделенците, од 1 септември наместо на училиште ќе ја следат наставата од дома онлајн. Тоа го предлага Комисијата за заразни болести поради страв од натамошно ширење на заразата со коронавирус во земјата. Министерот за здравство Венко Филипче денеска го соопшти планот на Комисијата кој треба да се разгледува и од Владата. Конечната одлука треба да се донесе за неколку дена откако ќе се дискутира и со Министерството за образование.

„Во оваа ситуација стравуваме дека транспортот од и до училиште, комуникацијата на децата на одморите, за време на влез во училиштето, во заедничките простории, во ходниците, во оваа ситуација, во есен во која едноставно не знаеме со што се соочуваме, што може да не чека, не само ние, ниту една земја во Европа, ќе биде многу ризично да дозволиме децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија“, изјави денеска Филипче.

Денеска Владата го разгледа Планот за одржување на наставата во училиштата во учебната 2020/2021 година на Министерството за образование и донесе заклучок тој да биде споделен со Комисијата за заразни болести, по што врз основа на мислењето на Комисијата да биде донесена одлука за моделот за организирање и спроведување на наставата.

Комисијата и Министерството досега не успеаја да се договорат за тоа како треба да изгледа наставата од 1 септември, а последниот состанок закажан за денеска беше откажан. Утре ќе се одлучува за почеток на работа на градинките.

 

Last modified on Вторник, 11 Август 2020 - 19:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.