Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Царовска: Оценувањето на учениците ќе биде со физичко присуство

Среда, 02 Септември 2020

Министерката Царовска рече дека е убедена дека и покрај пандемијата, со посветена работа и заеднички напори, ќе имаме успешна учебна година којашто ќе почне на први октомври.

Наставниот час во основните училишта ќе трае 30 минути а во средните училишта 35 минути. Оваа учебна година, водејќи сметка за квалитетот на образовниот процес кој ќе се одвива на далечина, министерката Царовска посочи дека е предвидено проверката на знаењата на учениците да се врши со физичко присуство на учениците во училиштето.

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, односно преку интернет, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што кажа таа, иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

„Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа“, рече Царовска на првата прес конференција што ја одржа како министерка за образование во новата Влада и после одржаната прва седница на Владата на која се донесе одлука за старт на учебната година на 1 октомври и протоколи за водење на наставата и комисии за следење на реализција на истите.


 

Last modified on Среда, 02 Септември 2020 - 17:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.