Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Вторник, 08 Септември 2020

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми Септември, денеска на свечената церемонија пред Владата на РСМ истакна дека „Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни, денеска 29 години од прогласувањето на самостојноста, нашата татковина има најмногу пријатели“.
Обраќањето беше по повод одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, на платото пред зградата на Владата каде премиерот Зоран Заев по кратката тет-а тет средба во неговиот кабинет заедно со претседателот на државата Стево Пендаровски присуствуваа на свечената церемонија на менување на знамињата и на интонирањето на државната химна од страна на воениот оркестар на АРСМ.

Централната свеченост по повод Денот на независноста, годинава се одржа согласно протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи и обезбедена дистанца и заштита.


- „Добро го паметам 8 септември 1991 година, Денот на референдумот за независноста. Засекогаш ми се врежани во глава сликите од прославата на Плоштадот Македонија и зборовите со кои претседателот Глигоров ни ја честиташе државата. И татнежот на македонската химна. Најубавата химна на светот.
Пред 29 години, на 8 септември, граѓаните на Република Македонија, на сите идни поколенија на оваа земја, им го дадоа најголемиот подарок - Независноста на државата.
Сонот на сите претходни генерации за независна и слободна држава се исполни.
Стремежот за независна држава е вековниот идеал во македонската историја. Идеал, кој за многу генерации беше само мечта. Пред речиси три децении, после 46 години државност во рамките на сојузот на поранешните југословенски држави, на 8 септември 1991 година независноста на нашата држава стана реалност.
Токму нам, на сегашните генерации ни' припадна привилегијата, но и одговорноста да ја освоиме независноста и да ја зачуваме и развиваме македонската држава, затоа што државата и општеството се независни и слободни толку колку што е независен и слободен секој граѓанин на Северна Македонија“, истакна Заев во своето обраќање по повод 8 Септември и одбележувањето на Денот на независноста на Македонија.

- „Денот на независноста, 8 Септември 1991 година, ќе остане запаметен како ден кога се обединивме за да ја заокружиме нашата државност и да избереме пат исполнет со меѓусебно разбирање, среќа и просперитет. Важни стратешки патокази на тој пат беа НАТО и Европската Унија. Денес Република Северна Македонија е 30-та полноправна држава членка на Северноатлантската алијанса, како и земја, која е на пат за членство во Европската Унија“ го истакна Заев напредокот на Македонија во овие изминати 29 години од независноста.

Почитувани граѓани да го зграбиме моментот и самоуверено сите заедно да зачекориме по европскиот пат: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!
Нека ни е честит и вековит 8 Септември - Денот на независноста!“ - го заврши својот говор Заев.

Денеска владина делегација на чело со Премиерот оддадоа почит на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски. Нивната улога во современата историја на македонската држава е огромна. 

Што нас лично нѐ поврзува со Денот на независноста?

Што нас лично нѐ поврзува со Денот на независноста? На неколку прашања за значењето на овој голем ден, своите искрени одговори ги дадоа наши познати јавни личности. Погледнете го видеото.

Posted by Zoran Zaev on Tuesday, September 8, 2020
Last modified on Среда, 09 Септември 2020 - 02:11

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.