НАТО донираше 60 репиратори за македонското здравство

Петок, 30 Октомври 2020

Како полноправна членка на НАТО денеска во Македонија пристигнаа 60 транспортни респиратори донација од НАТО Алијансата. Вредноста на донацијата е 1,4 милиони евра, а денеска пристигнаа по воздушен пат од Италија.
Од Министерството за здравство велат дека истите ќе бидат употребени во амбулантните возила од јавните здравствени установи со кои се транспортираат пациентите од една до друга болничка установа, центар.
За потребата од нови респиратори стана збор уште со почетокот на корона епидемијата особено фактот што ова е вирус кој ги напаѓа најмногу респираторните органи во човековото тело.

Министерот за здравство денеска се заблагодари на НАТО за донацијата и помошта во ова време на светска пандемија.
- „Благодарност до НАТО сојузот, особено до САД за нивната силна поддршка и помош за нашиот здравствен систем“ напиша на социјалните мрежи министерот за здравство Венко Филипче.

Благодарност испорача и министерката за одбрана Радмила Шекеринска:
- „Донацијата од НАТО - 60 транспортни респиратори во вредност од 1.4 милиони евра што ја најави генералниот секретар Столтенберг, пристигна од Италија, транспортирана со помош на Кралството Луксембург. Вака изгледа сојузничката солидарност“ - напиша таа на социјалните мрежи.

НАТО донираше 60 респиратори на нашата земја кои се користат во амбулантни возила за транспорт на пациенти од една во...

Posted by Венко Филипче on Friday, October 30, 2020

Донацијата од НАТО - 60 транспортни респиратори во вредност од 1.4 милиони евра што ја најави генералниот секретар...

Posted by Radmila Sekerinska on Friday, October 30, 2020
Last modified on Петок, 30 Октомври 2020 - 18:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.